ЗАПОЗНАЈТЕ НÈ
ТАВ Аеродроми обезбедуваат интегрирани услуги во сите области на аеродромското работење и во глобални рамки управуваат со 92 аеродроми во 26 земји. Како членка на групацијата ADP, ТАВ Аеродроми е дел од водечката платформа за управување со аеродроми на глобално ниво. Во Република Северна Македонија, ТАВ Аеродроми ги опслужуваат Меѓународниот аеродром Скопје и Аеродромот „Свети Апостол Павле“во Охрид.
ТАВ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ
За потребите на работниот процес, согласно домашните и меѓународни правила и прописи во дејноста, отворените работни места за:
СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ И АДМИНИСТРАЦИЈА
ОСНОВНИ ОДГОВОРНОСТИ:
- Го води процесот на организација на сите потребни активности и документи за процесот за вработување на нови вработени и прекинување на работниот однос на истите (Пријава и одјава во АВРМ)
- Одговорен за процесот за вработување и работна дозвола издадена на странци вработени во компанијата
- Учествува во развојот на целите и системите на одделот и предлага и реализира проекти за истите
- Чува и ажурира досиеја од административен карактер за сите работи поврзани со администрација
- Помага при организирањето, развојот и одржувањето на внатрешните процедури во системот за административна евиденција
- Редовно ажурирање на софтверските системи за ЧР со сите потребни информации во однос на вработените
- Одговорен за непречено работење, одржување и надградба на ИТ Системот во одделот човечки ресурси
- Решавање на нерегуларности на месечно ниво во системот за евиденција на работно време и решавање недоследности во системот во соработка со ИТ одделот за поддршка
- Им помага на вработените за прашања поврзани со бенефиции, проблеми или грижи
ОБРАЗОВАНИЕ:
- Универзитетска диплома (VII)
ВЕШТИНИ:
- Добро познавање на Закон за работни односи
- Одлично познавање на англискиот јазик, говор и пишување (минимум – Б1)
- Искуство во работење со ИТ системи во областа на човечки ресурси
- Аналитички вештини
- Компјутерски вештини (Добро познавање на MS Office особено Excel)
- Ефикасни комуникациски вештини, говор и пишување
- Силна посветеност кон услугата на клиенти и доверливост
- Одлични меѓучовечки вештини
- Вештини со управување со бази на податоци и чување на документи
- Одлични вештини за планирање и организација
РАБОТНО ИСКУСТВО
- 2 години работно искуство во соодветна област
НА КАНДИДАТОТ ЌЕ МУ БИДАТ ОБЕЗБЕДЕНИ:
- Обуки во област на човечки ресурси
- Соодветни ориентациски обуки за работа, како и обуки за здравје и заштита при работа
- Соодветна работна опрема
- Организиран транспорт и платен оброк
- Приватно здравствено осигурување
Нудиме динамична и стимулативна средина, како и професионален предизвик.
Ве молиме имајте во предвид дека само избраните кандидати ќе бидат контактирани.
Сите заинтересирани кандидати можат да го испратат своето CV на Jobsmk@tav.aero
Доколку преземете содржина (статија или оглас) од 24HR задолжително наведете „Извор: 24HR“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено тука.