Teleperformance е местото каде што ќе се вљубите во својата работа

од 24HR

Интервју со Надица Ставрова, HR Бизнис Партнер во Teleperformance во Скопје – компанија со над 350 вработени која беше прогласена за Great Place to Work и едно од 25-те најдобри места за работа во светот според Fortune.

Секој има причина зошто да ја сака својата работа. За вработените во Teleperformance, кои беа дел од големата кампања која го одбележа месецот на љубовта, тоа се одличните услови за работа, можностите за кариерен раст, многуте иницијативи и константната поддршка од самата компанија. Денес, 24HR разговараше со Надица Ставрова – HR Бизнис Партнер во Teleperformance која ќе ни открие кој беше мотивот позади оваа кампања, зошто таа ја сака својата работа и какви работни позиции и услови за работа нуди Teleperformance – најголемата компанија за кориснички услуги во светот која од пред 2 години има свое претставништво во Скопје.

Веќе 6ти месеци сте на позицијата HR Бизнис Партнер во Teleperformance. Што е тоа што вас ве натера да се вљубите во својата работа?

Работата со луѓе, динамиката и постојаните предизвици што ги носи професијата менаџирање со луѓе се мој најголем предизвик и моја најголема љубов. Да се биде посветен и да се одвои време да ги ислушате барањата и потребите на секој еден вработен секојдневно бараат голема истрајност, внимание и љубов. Teleperformance е компанија која Ви дава огромна можност и ресурси да вие уживате во вашата работа, а воедно да постигнeте соодветни резултати кои се претпознатливи и се ценат од корпоративниот менаџмент. Сепак Teleperformance e меѓународна компанија со преку 380.000 вработени и е прогласен за “Great Place to Work” и едно од 25те најдобри места за работа според Fortune, и навистина претставува чест да се биде дел од самата компанија, особено да се биде одговорен во процесот на менаџирање на човечките ресурси, со сите можности и програми што ги нуди во делот на грижа и добродет на вработените.

„Како се вљубив во мојата работа“ е името на кампањата што Teleperformance ја лансираше во февруари по повод месецот на љубовта. Која е суштината на оваа кампања и како дојдовте до таа идеја?

Оваа кампања ја воведовме сè со цел да споделиме почит, разбирање и меѓусебна благодарност и љубов, пред сè како колеги, соработници и да ги мотивираме останатите кои имаат желба да нѝ се придружат и да бидат дел од Teleperformance да аплицираат на отворените работни позиции. Месецот на љубовта беше обележан не само локално туку и на глобално ниво во нашата компанија. Ние направивме низа активности каде имавме можност да слушаме ТР Радио програм, дополнет со квиз и заедничко дружење во просториите на компанијата. Епитетот за најдобро место за работа, сепак заслужено го имаме добиено.

Teleperformance досега успеа да вработи 350 вработени, а плановите за раст продолжуваат и во 2022 година. Што е тоа што најмногу се бара во Teleperformance?

Да, ние сме компанија со брз раст и досега имаме околу 350 вработени, а нашите планови се постојано проширување на постоечкиот број на вработени, како и воведување на нови проекти – тоа може да се види и од нашите отворени работни позиции за подршка и грижа на корисници за различни проекти. Најголем дел се со познавање на германски јазик, како и  француски, италјански, но воедно имаме и отворени работни позиции со јазиците во регионов. Секој еден што е заинтересиран да се придружи во големото семејство на Телеперформери, го охрабрувам да го направи тоа. Нудиме работа во нашите простории, но и работа од дома, што е нов тренд во нашиот регион во изминативе години.

Дали постојат некои специфични услови за вработување во Teleperformance?

Условите се едноставни. Сè што треба е да имате познавање на некој од јазиците што ги бараме, на пример познавање на германски јазик, да имате желба да се развивате и напредувате, а ние ќе се погрижиме да добиете сè што е потребно: опрема, соодветна обука, подготовка, како и дополнителни програми за грижа за вработените и вклученост на истите во постигнување на баланс помеѓу работата и нивниот приватен живот (Employees Welfare & Engagement Programs). Во текот на вашето работење имаме различни програми како на пример Jump, каде што секој еден вработен има можност за напредок и развој во својата кариера.

Како изгледа работниот ден на агентите за корисничка поддршка?

Работниот ден на еден агент е секогаш разновиден и исполнет со ,пред сè, нивните професионални активности и задачи, но и секогаш имаме дополнителни “Engagement” активности кои сите заедно ги правиме во просториите или онлајн за оние агенти кои работат од дома.

Кои се идните скалила за кариерен развој на вработените кои започнуваат на оваа позиција?

Како што и претходно споменав, секој наш вработен има постојана едукација, коучинг и менторинг, со што се овозможува постојана доедукација, усовршување и напредок во кариерата. Во моментов, актуелна е програмата за развој Jump, каде што секој вработен добива можност да се пријави и да се доедуцира за Супервизор, Тренер, Контролор на квалитет итн. Оваа програма е активна два пати годишно, каде по иницијалните разговори се зема во предвид визијата, желбата и мотивот на вработениот.

Што би им порачале на кандидатите кои се заинтересирани за работа во Teleperformance?

На сите заинтересирани би им препорачала слободно да аплицираат, да ни се придружат и да бидат дел од нас, а ние ќе се погрижиме да се чувствуваат исполнетно и ангажирано на најдоброто место за работа во светот.

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...