Во динамичниот деловен свет каде патувањата се секојдневие, а ризиците реалност, секоја одлука што значи грижа за вработените претставува истовремено и инвестиција во имиџот на компанијата.
Халк Осигурување го претставува својот Травел ВИП пакет – практично и современо осигурително решение креирано за компании чии тимови редовно патуваат надвор од државата. Пакетот овозможува индивидуални годишни патнички полиси за секој вработен, овозможувајќи континуирана заштита без потреба од склучување поединечна полиса за секое службено патување.
Со Травел ВИП пакетот, компаниите добиваат:
- Намалено административно оптоварување
- Сигурност дека секое службено патување е покриено
- Дополнителна вредност и за вработените и за корпоративниот имиџ
Посебно значајна придобивка е покритието „Трансфер на деловен колега“, кое овозможува покривање на трошоците за замена на вработен во случај тој да не може да ги исполни службените обврски. Со ова се овозможува непречено продолжување на планираните активности, без неочекувани трошоци за компанијата.
Покрај ова покритие, Травел ВИП вклучува и главни бенефити како:
- до 50.000 ЕУР покритие за лекување поради болест,
- до 50.000 ЕУР покритие за последици од незгода,
- до 600 ЕУР покритие за кражба, оштетување или уништување на багаж.
Со напомена дека, максималниот лимит од 50.000 ЕУР се однесува на вкупниот износ што може да биде исплатен по еден осигуреник, без разлика на видот или бројот на ризици.
Травел ВИП е особено релевантен за сектори каде службените патувања се дел од секојдневието – фармација, ИТ, трговија, енергетика, производство, извозно-ориентирани бизниси, како и за BPO секторот (Business Process Outsourcing) што опфаќа услуги како корисничка поддршка, ИТ и сметководствени сервиси за странски партнери.
„Овој пакет не е само осигурување – тој е симбол на грижата, одговорноста и професионалниот пристап што компанијата го покажува кон своите вработени и кон својата репутација,“ велат од Халк Осигурување.
Со поддршка 24/7, преку Coris Assistance, и со докажана ефикасност во клучни моменти – Травел ВИП не е само осигурување,тоа е партнер што патува со вас.
За повеќе информации и детали за пакетот, посетете ја страницата:
👉 https://www.halkinsurance.com.mk/patnicko.html
Доколку преземете содржина (статија или оглас) од 24HR задолжително наведете „Извор: 24HR“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено тука.