Вработените во „Најк“ добија дополнителна недела одмор

од 24HR

Компанијата за спортска опрема „Најк“ на сите вработени кои работат во седиштето на компанија во САД им овозможи седумдневен платен одмор за да се опорават од притисокот наметнат од пандемијата.

Најпознатата светска компанија за спортска опрема, „Најк“, објави дека на своите вработени во САД им дава седум дена дополнителен платен одмор за да го зачуваат своето ментално здравје. Дополнително, компанијата го охрабри менаџментот да им дозволи на вработените да ги игнорираат работните задачи за време на одморот.

„Најдете време да се опуштите, одете некаде и поминете време со вашите најблиски. Немојте да работите“, стои во отвореното писмо до вработените кое го испрати Мет Мерако, еден од водечките луѓе на „Најк“.

Овој одмор е дел од големите подготовки за враќањето во канцеларија кое треба да се случи во септември.

„Одвојувањето време за закрепнување и одмор е клучно за добро функционирање и одржување на менталното здравје“, рече тој.

Овој потег на Најк дојде откако сопствениците на апликацијата за запознавање Bumble го сторија истото, а истото го направија и водечките луѓе на LinkedIn.

Се поголем број вработени тврдат дека се чувствуваат истоштени и уморни како резултат на работата од дома поради пандемијата на коронавирусот.

Од друга страна, американските компании како „Епл“, „Убер“ и „Велс Фарго“го одложија враќањето на вработените во канцеларија бидејќи е зголемен бројот на позитивни случаи во земјата.

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...