Глобална студија: Работата од дома, силното лидерство и балансот помеѓу животот и работата се најважните фактори за задоволството на вработените

од 24HR

Кога пандемијата на Ковид-19 и принудниот lockdown ги принуди вработените ширум светот да работат од дома, никој не очекуваше дека тоа ќе трае толку долго. Сега, 18 месеци подоцна, далечинската работа или поточно работата од каде било изгледа како да не оди никаде – нудејќи нови можности како за вработените, така и за работодавците.

Најновата студија на Globalization Partners во која беа опфатени 15 земји откри дека далечинската работа има позитивно влијание врз целокупното искуство на вработените, а тоа се одразува и преку расположението на самите луѓе.

Зголемената флексибилност од менаџментот е тренд кој им се случува на човечките ресурси веќе неколку години наназад, но со оглед на тоа што пандемијата покажа дека канцеларијата не е фактор за продуктивноста и благосостојбата на вработените, компаниите не сакаат да ризикуваат да ги изгубат своите таленти не претворајќи ја ваквата можност во вистински бенефит.

Зошто е тоа така? Еве неколку трендови кои се случуваат во пост Ковид-19 периодот:

Далечинската работа не мора да значи работа од кабе било, но тоа би можело да се промени во блиска иднина

Далечинската работа не мора да значи „работа од каде било“, при што мнозинството вработени ширум светот (68%) останале на иста локација додека работеле за истата компанија за време на пандемијата. Меѓутоа, 22% од испитаниците се преселиле локално или планираат да го направат тоа, а 17% се преселиле на меѓународно ниво или планираат да го сторат истото. Како резултат на тоа, работодавачите треба да се подготват да ја поддржат мобилноста на вработените за да го сочуваат својот најдобар талент.

Силното лидерство за време на Ковид-19 е во корелација со задржувањето на вработените

Начинот на кој компаниите водат низ криза е силно поврзан со намерата за задржување на вработените. Повеќе од половина (56%) од испитаниците изјавиле дека нивната перцепција за лидерите во нивните компании останала иста или се влошила од почетокот на пандемијата. Меѓутоа, 44% пријавиле подобрена перцепција за своите лидери, со што тие исто така планираат да останат во нивната моментална компанија повеќе од три години. Како компаниите водат низ криза, во голема мера корелира со лојалноста на вработените.

Вработените се позадоволни од својата работа кога работат од далечина, но многумина чувствуваат помала поврзаност со своите колеги

Околу половина (48%) од вработените велат дека работата од далечина позитивно влијаела врз нивната перцепција за компанијата – тие се чувствуваат посреќни на работа. Само 11% велат дека се чувствуваат помалку среќни, а 41% велат дека работата од далечина немала никакво влијание врз нивната среќа.

Сепак, 32% од вработените работата од далечина поради „Ковид-19“ ги натерало да се чувствуваат помалку поврзани со своите колеги. Додека 34% од вработените велат дека нивниот глас е важен повеќе по доаѓањето на далечинско работење.

Работата низ различните временски зони е најголем предизвик за глобалната работна сила во 2021 година

Вработените ја наведуваат различноста на тимот како главна придобивка од работата во глобален тим, проследена со поголема креативност и глобални сознанија за други пазари. Главниот предизвик пријавен кај меѓународните тимови беше распоредот низ временските зони. Иако јазичните бариери беа главниот предизвик во 2019 година, тие станаа многу помал проблем на глобално ниво во 2021 година.

Рамнотежата помеѓу приватниот и професионалниот живот е главниот фактор кој придонесува за позитивно глобално искуство на вработените

Надоместот, иако беше важен, не беше во првите три фактори кои придонесуваат за позитивно искуство на вработените на глобално ниво. Наместо тоа, вработените ја наведоа добрата рамнотежа помеѓу работата и животот, тимската работа и поседувањето на соодветни алатки и опрема за работата како најзначајни придонесувачи за нивното задоволство.

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...