За „црните овци“ на работното место

од 24HR

Сигурно сте слушнале за метафората „црна овца“ која се однесува на една проблематична личност која ги расипува работите на другите. Но, дали сте знаеле дека една таква црна овца во вашиот тим има докажано штетно влијание врз продуктивноста на целата компанија и во крајна мера на нејзините финансиски резултати?

Професионалците за човечки ресурси најдобро го знаат ова преку лично искуство со т.н. црни овци или лоши (деструктивни) вработени. Во последните неколку години, ова е докажано и во истражувањата. Вил Фелпс, професор на Ротердамската школа за менаџмент на Универзитетот Еразмус во Холандија, откри дека постојат три типа на деструктивни личности кои можат да му попречат на тимот, намалувајќи ја неговата продуктивност за 30 до 40 проценти. Во случај на економска нестабилност, ефектот е уште поголем. Не само што ќе се намали продуктивноста на тимот, туку и другите вработени ќе го имитираат однесувањето на црната овца, дури и меѓусебно, а тоа е нешто што Фелпс го нарекува „ефект на прелевање“.

Па, што треба да направат професионалците за човечки ресурси за да ги заштитат своите компании и тимови од црните овци? Првиот и основен начин е преку избегнување на вработување на ваквиот тип на личности.

Според Фелпс, постојат три типа на црни овци:

  • Личност која ги напаѓа и навредува другите, честопати со намера да ги понижи или засрами.
  • Личност која работи помалку отколку што може, одржувајќи го својот напор на минимално ниво.
  • Личност која секогаш гледа на работите на песимистички начин и едноставно не верува во успех.

Во една компанија може да постои еден од овие типови или неколку одеднаш, а дури и може да се случи кај една личност да се пронајдат сите три карактеристики. Секако, најлош е првиот тип на црна овца кој уште при самото влегување во канцеларијата можете да увидите дали е на работа или не.

Ефектот на прелевање кај овој тип на црна овца е толку голем што уште веднаш знаете дали е на работа или не; кога не е на работа, расположението на луѓето е подобро, нивото на соработка е поголемо, а во воздухот не лебди негативна енергија. Таа личност на дневно ниво им се спротивставува на колегите, ги понижува луѓето и воопшто не ја промовира компаниската култура.

Како да избегнете вработување на црни овци?

Постојат три клучни работи што може да ги направите за да избегнете вработување на црни овци:

  1. Користете ја бихевиоралната техника на интервју за да го откриете потенцијалното негативно однесување на кандидатот;
  2. Направете проценка за самата личност, а не само на нејзините технички вештини и
  3. Секогаш проверувајте ги референците на кандидатите.

Лошиот ефект на црните овци е реален и може да и наштетат на репутацијата и успехот на вашата компанија. Со препознавање на лошите типови  на црни овци и преземањето на превентивни мерки за да не ги ангажирате во прв план, ќе ѝ помогнете на вашата компанија да остане продуктивна и конкурентна.

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...