Заборски и Спасеновски од „Макпетрол“ ќе настапат на Светската карате лига во Анталија

од 24HR

Петар Заборски и Петар Спасеновски, членови на карате клубот „Макпетрол”, ќе учествуваат на претстојниот турнир од Светската премиер карате лига во Анталија. Меѓународниот собир во турскиот град ќе се одржи од 15 до 17 март. Заборски ќе се бори во категоријата до 75 килограми, додека Спасеновски ќе се натпреварува во категоријата до 84 килограми.

Тие се единствените македонски каратисти кои обезбедија норма за учество.

Репрезентативците и членови на „Макпетрол“ се меѓу 32 каратисти на ранг-листата на ВКФ (Светската карате федерација) што им овозможува да се соочат со најдобрите од светот.

На турнирот во Анталија, во елиминацискиот дел секој спортист има три задолжителни борби во својата група. Потоа само прворангираниот ги продолжува борбите во четвртфиналето. Светската премиер карате лига е највисоко рангиран натпревар со најквалитетна конкуренција на спортисти.

Во Анталија ќе учествуваат вкупно 377 каратисти од 60 држави.

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...