Зошто недоволно квалификуваните кандидати заслужуваат шанса

од 24HR

Автор на статијата е Ребека Вељанова – Регрутер во CO LINES INC и специјалист за човечки ресурси нa UACS.

Од почетокот на мојата кариера во регрутирање многу често се соочувам со кандидати кои не ги поседуваат сите потребни квалификации за работната позиција кои ние го бараме но, сепак се многу заинтресирани и полни со ентузијазам за отпочнување на таа работна позиција.

Како се развивам на полето на човечки ресурси и регрутирање се повеќе навлегувам во оваа тематика и пробувам да ги увидам сите аспекти на истата за да можам да донесам правилен заклучок дали и кога на даден недоволно квалификуван кандидат треба да му се даде шанса за започнување на дадена работна позиција. Тоа што до сега сум го воочила е дека кога правам интревју на недоволно квалификуван кандидат е дека секогаш тие кандидати се полни со ентузијазам и се многу спремни за соработка и поради таа причина почнав да менувам неколку тактики во начинот на кој што регрутирам и мојот пристап како ќе се одвива целото интревју со таков кандидат.

Доколку во минатото интревјуто со недоволно квалификуван кандидат сум го завршувала со тоа дека жалам бидејќи не ги поседува потребните квалификации сега, го прашувам кандидатот да ми објасни кои квалификации точно тој ги поседува и уште колку точно му треба за да го исполнува тоа што ние го бараме за таа дадена работна позиција.

На пример, еден од нашите најважни критериуми е дека кандидатот мора да има 2 (две) години претходно искуство. Доколку кандидатот за вработување нема 2 (две) години претходно искуство моето следно прашање е уште колку точно му се потребни за 2 години. Доколку станува збор за еден или два месеци продолжувам со понатамошно регрутирање бидејќи процесот на вработување одзема до 2 недели и со самото тоа и кандидатот ќе биде поблиско до испочитување на тој даден критериум за вработување. Доколку кандидатот е со само 1 (една) година претходно искуство секогаш му помагам со тоа што му давам пример на неколку други компании каде со неговото искуство може да започне со работа со тоа што на тој начин за брзо ќе ги исполнува и нашите критериуми и секогаш го известувам дека е ставен на нашиот список на кандидати кои треба да се реконтактираат откако ќе ги поседуваат потребните квалидикации.

На крај на разговорот секогаш го охрабрувам кандидатот да го зачува мојот контакт се со цел кога ќе ги поседува потребните квалификации да оствари повторно контакт со мене и да има повторно шанса за започнување со работа во нашата компанија. Со самиот овој пристап шансата за ние како компанија да го оствариме потребниот број на вработени се зголемува а вооедно им се дава и подеднаква можност на сите да изградат кариера каква што посакуваат.

Како регрутер мислам дека секоја компанија треба колку може повеќе да вложи во тој сегмент на тренинг, обука и давање шанса на недоволно квалификуваните кандидати бидејќи овој чекор ќе даде загарантирана добивка и за компанијата и за вработените.

За авторот: 

Ребека Вељанова е регрутер за човечки ресурси во CO LINES INC. Специјалист за човечки ресурси. Специјализирана на UACS на тема: Стратегии за мотивирање на вработени.

0 коментар
3

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...