Лидерството базирано на емпатија може да им помогне на компаниите да ги намалат финансиски загуби поради COVID-19, сметаат од Мерсер – водечка консултантска компанија за човечки ресурси.
Ефективното менаџирање со краткорочните финансиски последици поради пандемијата со COVID-19 може да им даде повеќе опции на компаниите кога се работи за нивните долгорочни исходи.
Работодавците кои носат одлуки врз основа на економичност и емпатија – на пример, со зачувување на работни места – ќе бидат наградени со лојалност од страна на кандидатите, вработените и клиентите, велат од Мерсер – водечка консултантска компанија за човечки ресурси.
Точно е дека намалувањето на компензациските и бенефициските трошоци се најчесто најголемиот дел од оперативните расходи, потенцираат од Мерсер. Но, пред да ги преземат тие чекори кои имаат долгорочни ефекти, компаниите треба да размислат за преземање на активности, како што се следните: зачувување на флексибилноста преку одржување на ликвидност, проценка на потенцијалните активности поврзани со компензацијата и бенефитите за да се подобрат паричните текови и зајакнување на безбедносните мрежи.
Работодавците, исто така, треба да вложат напор за да ги зачуваат работните места преку „идентификување на начини за прераспределба на работната сила во рамките на компанијата или во други компании кои имаат тековна потреба од вработени“.
Ова е важно бидејќи активностите што работодавците ги преземаат во текот на следните неколку месеци, особено нивните долгорочни стратегии, би можеле да утврдат каде тие ќе се наоѓаат во следните 12 до 18 месеци.
За да се успее во тоа, организациите треба да бидат креативни и адаптабилни, велат од Мерсер.
Доколку преземете содржина (статија или оглас) од 24HR задолжително наведете „Извор: 24HR“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено тука.