Наскоро почнува “Agility in HR” – првиот и единствен сертифициран тренинг од IC Agile испорачан на македонски јазик од Илија Попјанев и Management 3.0.
Иднината е брза, непредвидлива и променлива. Големите глобални организации веќе наголемо се потпираат на агилен HR, а дел од најсофистицираните македонски компании веќе започнуваат да градат работни култури кои се темелат на оваа методологија. Потребата за агилни луѓе станува реалност.
24HR во соработка со Илија Попјанев и Management 3.0 ве поканува да се пријавите на единствената сертифицирана обука за Агилен HR која се состои од 5 сесии и започнува на 10 мај. Повеќе за обуката и зошто токму агилниот HR е жешка тема во последните неколку години откријте од нашиот разговор со Илија Попјанев.
Свесни сме дека агилниот HR полека ја менува HR професијата. Што значи агилноста и зошто е таа важна за HR професионалците?
Традиционалните хиерархиски организирани системи почнаа да се трансформираат во агилни мрежно поврзани структури т.н. мулти функционални тимови, со зголемена одговорност и автономија при работењето. Традиционалните компании кои функционираат на ист начин веќе 150 години и користат застарени стилови на менаџирање на процесите, повеќе не се ефикасни, премногу се бавни, троми, не се иновативни и не можат да се адаптират на новите услови на пазарот, посебно во услови на кризи и пандемии со кои се соочуваме во моментот.
Од друга страна HR отсекогаш бил предводник на промените во организациите. Свесни сме на континуираната дигитална трансформација низ која минуваме веќе долго време. Често минуваме и низ промена на бизнис модели, аквизиции, политички, економски, еколошки промени…. и речиси секогаш од HR се очекува успешно да ги предводи сите промени и да дава насоки за новиот начин на работење и адаптирање на новите услови на работа.
Доколку компанијата поседува агилен HR, сите промени ќе се случат брзо, квалитетно, креативно, флексибилно… бидејќи агилноста значи да се движиме брзо, постојано да учиме и да се адаптираме на ситуацијата, со цел да ги оствариме планираните цели. Агилноста значи на промените да гледаме како на можности, а не како на закани. Агилноста значи да експериментираме и да креираме нови практики, бидејќи старите практики веќе не се функционални во новата нормала и задача на HR е да ги промени.
Агилниот мајндсет е важен за HR, бидејќи им дава алатки и перспективи на размислување вон рамките, бидејќи само на тој начин, HR ќе може да им помогне на своите компании да се прилагодат.
Дали постојат одредени светски компании кај кои се применува агилниот HR?
Агилните организации почнаа да се креираат пред 10 тина години, а Google е еден од пионерите во ова движење. Денес од попознатите компании можеме да ги спомнеме и Apple, Amazon, Tesla, Netflix, и многу други кои постојано се менуваат, иновираат и креираат нови бизнис модели и производи, бидејќи тоа е основата на агилноста. Речиси да нема сектор или индустрија во која нема агилни компании или оние кои ја започнале својата агилна трансформација.
Во сите наброени компании HR професионалците се составен дел од секој мулти функционален тим, без разлика дали се работи за регрутер, тренер или нешто друго. Во агилните компании нема веќе секторски единици или силоси од типот продажба, маркетинг, финансии… Секој тим е составен од луѓе со компетенции кои се потребни за функционирање на тој тим, дали се тоа дигитални маркетери, бизнис девелопери, регрутери, тренери и сл.
Со какви предизвици се соочуваат овие организации и како агилниот HR се вклопува во целата таа приказна?
Овие компании се соочуваат со истите предизвици како и традиционалните, само што агилните се во предност поради брзината на носење одлуки, комуникација, организација, иновации…
Ако ги погледнете резултатите на агилните компании кои ги набројав за време на пандемијата, ќе видите дека не само што не се загрозени од криза, туку напротив растат и профитираат. Тоа е бидејќи нивниот организациски модел и нивните луѓе, се прилагодени да функционираат во комплексни, непредвидливи и непостојани ситуации. Агилниот HR одлично се прилагодува во вакви времиња, бидејќи агилните луѓе се спремни на промени, не пружаат отпор и избегнување, туку напротив, на промената гледаат како на можност за развој. За агилните HR тимови не е проблем да организираат работењето од дома во кратко време, да се регрутираат и обучуваат луѓето виртуелно, да имплементираат промени и испорачуваат вредност за многу пократко време, да изнаоѓаат свежи и креативни решенија за мотивација и добросостојба на своите колеги, итн.
Дали агилниот HR е застапен во македонските компании?
Кај нас агилното работење е на зачеток. Присутен е во неколку стартапи, странски IT компании, кај телекомите, и со голема брзина се шири и во други индустрии како што се производство, фармација, здравство, банкарство, осигурување и секако и во домашните компании.
Компаниите почнаа да ги менуваат своите цели и визии, па сега иновативноста и клиентската ориентација ги истиснуваат профитабилноста и ефективноста, бидејќи не можете да очекувате голем профит и многу клиенти, ако вашиот бизнис модел е застарен и не одговара на потребите на модерните клиенти. Иновативноста е новиот фокус и императив на успешните компании.
Агилниот HR во нашите компании започнува најпрвин со сертифицирање на првите луѓе, HRM-ите кои потоа стекнатото знаење, вештини и мајндсет го шират најпрвин во своите тимови, а потоа и во другите тимови. Секако дека тука се на помош и надворешни агилни коучи како нас, кои им помагаат во агилната трансформација и ширењето на агилниот мајндсет и вредности.
Од 10 до 18 мај 2021 година во склоп на платформата Management 3.0 организирате тренинг на тема “Agility in HR”. Кажете ни нешто повеќе за тоа?
Се работи за сертификационен тренинг на ICAgile, меѓународниот конзорциум за агилност. Овој ист тренинг го посетуваат повеќе од 20.000 HR професионалци годишно, а од минатата година почнавме и ние да го испорачуваме кај нас, на македонски јазик, па веќе 20 тина наши HRM-и се стекнаа со титулата ICP-AHR, која е една од најбараните компетенции во светот на HR. Со оваа сертификација, секој HR професионалец започнува кариерна патека кон агилен организациски коуч, што е една од најценетите и најдобро платените професии на денешницата.
Учесниците на тренингот ќе се запознат со агилната култура Management 3.0 и најприменетата алатка – Scram, која е веќе доста застапена во IT тимовите, а од неодамна почна да се применува и во HR, маркетинг, продажни тимови и сл.
Тренингот трае 5 дена по 3 часа, попладне, на Zoom и Miro, изобилува со практични вежби и алатки и влијае на стекнување нови компетенции и градење агилен мајндсет. Опфатени се сите области на делување на HR, како регрутација, тренинг, мотивација… но од агилна перспектива, за да му дадат на учесникот вештини за успешна трансформација на својот HR тим, но воедно и алатки за промена на мајндсетот на колегите.
За кого е наменет овој тренинг и како може да се пријавиме?
Овој тренинг е наменет за секој HR професионалец, кој сака да учи и да се развива кон новите трендови на HR и да биде квалификуван да води промени во својата организација.
Тренингот не е на почетно ниво и потребни се предзнаења во HR областа или работно искуство од барем 2 години на било која позиција во HR за да може успешно да се следи тренингот.
Заинтересираните можат да се пријават директно преку 24HR, од каде ќе добијат и повеќе привилегии и бенефити, бидејќи 24HR е едукативен партнер на Management 3.0 и ICAgile во Македонија. Моментално е во тек акција со цена за рана пријава од 550 еур и можност за плаќање на 6 рати без камата. Во цената е вклучен и сертификатот од ICAgile чија цена е 150$.
Кои се очекувањата по завршувањето на овој тренинг? Каква вредност ќе понесат HR професионалците во своите организации?
Од фидбекот кој го добивме од учесниците на досегашните обуки, ние успеавме да ги надминеме нивните очекувања и да ја стекнеме нивната доверба за континуирана едукација и развој на останатите HR и лидерски компетенции како што е агилно лидерство, агилен коучинг…
Учесниците се стекнуваат со два сертификата, првиот од Management 3.0, сертификат за учество на тренингот Агилност во HR, кој им носи 12 PMU поени и стекнати вештини на агилно работење, Scrum, фасилитација и 20 алатки за имплементација на агилните HR процеси во тимот.
Вториот сертификат, кој доаѓа од престижната организација ICAgile, е сертификат за стекната компетенција и титула ICP-AHR, која значително го збогатува CV-то на секој HR професионалец. Условите за стекнување со оваа сертификација се активно учество на сите 5 сесии, тимска изработка на студија на случај и објава на личен текст на LinkedIn. Нема тестови и стрес.
Методологијата на искуственото тимско учење гарантира високи 80% учење на материјата, а практичните алатки гарантираат одличен фидбек и задоволство од колегите и зачеток на организациската трансформација и промена на културата. Според коментарите на сите досегашни учесници, овој тренинг има одлична вредност и брз поврат на инвестицијата. Се гледаме на 10 Мај!
Доколку преземете содржина (статија или оглас) од 24HR задолжително наведете „Извор: 24HR“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено тука.