24hr.mk: Нова платформа каде 24/7 ќе зборуваме за луѓето како најважен ресурс во секоја компанија

од 24HR

На 20-ти мај, денот кога HR ентузијастите ширум светот го одбележуваат Меѓународниот ден на човечките ресурси, ние ја лансираме платформата 24hr.mk – онлајн простор каде што 24/7 ќе зборуваме за луѓето како најважен ресурс во рамките на една организација!

24hr.mk е нова, единствена и уникатна платформа која има за цел да ја промовира и воздигне HR професијата во Македонија. Нашата визија е преку квалитетна и релевантна содржина да бидеме извор на информации за сите HR професионалци кои сакаат да бидат во тек со најновите локални, регионални и светски трендови во областа на човечките ресурси.

Почнувајќи од денес, на 24hr.mk ќе имате можност секојдневно да се информирате за најновите случувања во HR индустријата, позитивните HR практики во компаниите и HR предизвиците кои се јавуваат во различните сектори.

Секако, за вистинските HR ентузијасти тука ќе бидат нашите совети за поквалитетно управување на човечките ресурси, поефикасен процес на регрутација, правилно спроведување на headhunting процедура, мотивирање и задржување на вработените, подобрување на кандидатското искуство, градење на бренд на посакуван работодавач и сл.

За HR искуствата во македонските компании ќе дознаете директно од најголемите авторитети во индустријата кои ексклузивно за 24hr.mk ќе откријат како нивните организации управуваат со човечкиот капитал, а нашата редакција ќе го покрие и секој HR настан во земјава и регионот за вие, нашите читатели, да бидете во тек со сите случувања во индустријата.

24hr.mk цели кон тоа да биде многу повеќе од портал за информирање. Нашата крајна цел е да создадеме HR заедница која активно ќе дискутира за сите новитети и актуелности во областа на човечките ресурси. Затоа, ве охрабруваме активно да се вклучите со ваш коментар под содржините кои се пласираат на нашиот вебсајт и со тоа да придонесете кон развојот на иднината на нашата HR професија.

Позади 24hr.mk стои тим од искусни професионалци со долгогодишно искуство во областа на човечките ресурси.

0 коментар
1

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...