Како да се добие битката за таленти во пост Ковид-19 периoдот? Одговорот е во CSR!

од 24HR

Ковид-19 не претставува само глобална здравствена криза, туку и економска закана која е на добар пат да згасне милиони работни места. Таа криза несомнено ќе создаде нови предизвици кои само компаниите со јасна визија ќе успеат да ги претворат во предности.

Во пост Ковид-19 периодот веќе ништо нема да биде исто. Економската и здравствената криза со сигурност можеме да кажеме дека ќе создаде нови можности насекаде во светот. Кога зборуваме за можности, пред се, мислиме на корпоративната општествена одговорност (CSR) која компаниите ширум светот ќе ја имаат во свои раце како обврска, но и како средство за постигнување на своите цели во иднината, меѓу кои и привлекувањето на врвен кадар во своите организации.

CSR е добра стратегија за бизнисот

Корпоративната општествена одговорност е поволна за бизнисот. 94% од припадниците на генерацијата Z сметаат дека компаниите имаат морална обврска да учествуваат во решавањето на клучните општествени проблеми. Од друга страна, 55% од потрошувачите се подготвени да платат повеќе за производите и услугите на компании кои се посветени на некоја општествена кауза.

ПРОЧИТАЈТЕ: Корона и работното место: HR ги нема сите одговори и тоа е во ред!

Потребни ви се повеќе аргументи? Една студија покажа дека CSR иницијавите се одговорни за дури 40% од брендот на компанијата. Освен подобра перцепција, CSR претставува и инвестиција. Според некои груби и генерализирани проценки, ефективната CSR стратегија може да ја зголеми пазарната вредност на компанијата за 4 до 6 проценти.

Луѓето сакаат да работат во CSR компании

Создавањето на општествена вредност не е важно само за клиентите, туку и за вашите сегашни и идни вработени. CSR е стратешка иницијатива која може да произведе опипливи резултати во однос на подобрувањето на задоволството, мотивацијата и ретенцијата на вработените.

Најновите податоци покажуваат дека дури 67% од работобарателите преферираат да работат за општествено одговорни компании. Во иднина, со влегувањето на помладите генерации во работната сила, овој процент се очекува да биде уште поголем, а тоа ни кажува дека доколку сакаме да станеме (останеме) атрактивен работодавач ќе мора да водиме сметка и за CSR.

Како да ја добиеме битката за таленти во пост Ковид-19 периодот?

Намалената деловна активност за време на пандемијата на Ковид-19 во голем дел од компаниите ќе резултира со масовни отпуштања. Ова ќе значи дека голем број таленти кои ги поседуваат потребните вештини кои ги бара современиот пазар ќе бидат повторно активни на пазарот на трудот.

Тоа е вашата шанса. Како бизнис лидер мора да размислувате смело и да донесувате мудри и прагматични одлуки. Лидерите кои ќе покажат интегритет и ќе ги стават луѓето на прво место ќе бидат тие кои ќе ги диктираат новите услови во „новото нормално“.

Вашата CSR стратегија може да опфати различни аспекти, вклучувајќи:

  • Поголема заштита на вработените на работните места
  • Стимулирање на локалната економија
  • Создавање на работни места
  • Реобучување на работната сила
  • Забрзување на развојот на талентите
  • Преобликување на компаниската култура

CSR ќе ја пробуди мултигенерациската ангажираност и кохезија кај вашите вработени, а истовремено, ќе ги подобри изгледите на вашата организација за сите идни вработувања.

Затоа, во пост Ковид-19 периодот, бидете автентични, истрајни, и секако, општествено одговорни.

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...