Salesforce: Работното време од 9 до 5 е мртво

од 24HR

Американскиот софтверски гигантSalesforce“ заклучи дека работата во осумчасовни смени е речиси застарена и „мртва“, па претставниците на таа компанија одлучија да им дозволат на вработените да работат од далечина.

„Salesforce“ објави дека „работниот ден од 9 до 17 часот е мртов“ и дека ќе им овозможи на вработените да изберат една од трите опции коишто одредуваат колку често ќе бидат во канцеларијата.

Компанијата на тој начин се приклучува на другите технолошки компании како што се „Фејсбук“ и „Мајкрософт“ кои најавија тековни политики за работа дома како одговор на пандемијата на коронавирусот.

Со новата политика, компанијата ќе им даде на вработените поголема слобода да избираат како ќе изгледа нивниот дневен распоред.

„Во нашиот секогаш вклучен и секогаш поврзан свет веќе нема смисла да се очекува вработените да работат осумчасовна смена и успешно да ја вршат својата работа“, велат од компанијата.

Тие посочуваат дека многумина мораат да ги носат своите деца на училиште, да се грижат за болните членови на семејството и дека сето ова е причина зошто вработените не треба да доаѓаат секој ден на работа во строга осумчасовна смена.

Со отстранувањето на строгите барања за работа од канцеларија, „Salesforce“ ќе може да ангажира нови вработени надвор од скапите урбани центри како Сан Франциско и Њујорк.

Три опции за поголема флексибилност

Како што стои на блогот на компанијата, „Salesforce“ на своите вработени ќе им понуди три различни опции за работа, и тоа: флексибилна, целосно далечинска и канцелариска.

Во канцеларија би се доаѓало еднаш или три пати неделно, и тоа само за тимска соработка, состаноци и презентации.

Вработените во канцеларија ќе бидат „најмалку бројната популација во нашата работна сила“ и во оваа категорија ќе влезат само вработените кои, заради природата на нивната работа, треба да бидат во канцеларија четири до пет дена во неделата, додаваат од компанијата.

„Наша одговорност како работодавач е да ги оспособиме нашите луѓе да ја завршат работата за време на распоредот што најдобро одговара за нив и за нивните тимови, и затоа ќе обезбедиме флексибилни опции за да им помогнеме да бидат уште попродуктивни“, напишаа претставниците на „Salesforce“ на блогот.

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...