Работата од дома стана законско право во Холандија

од 24HR

Холандскиот парламент кажа официјално „да“ за работата од дома како форма за вработување.

Холандија стана една од првите земји коишто работата од дома ја напраивја законско право, откако холандскиот парламент го одобри новото законодавство.

Работата од дома, позната и како работа од далечина, е форма за вработување што им овозможува на вработените да работат од каде било. Тие не треба да патуваат до канцеларијата на компанијата, како што може да биде деловна зграда, магацин, продавница за малопродажба итн.

Овој облик на вработување стана вообичаена практика за време на пандемијата на коронавирусот (Ковид-19) бидејќи на глобално ниво компаниите беа принудени да ги затворат своите канцеларии поради карантинот.

Пандемијата поттикна промена во ставовите за работа, при што многу вработени се обидуваат да задржат дел од флексибилноста во која уживаа во последните две години.

Блумберг објави дека во вторникот легислативата за работа од дома е изгласана во холанскиот парламент со што Холандија станува првата земја во светот која официјално ја прифати работата од дома како форма за вработување.

На новиот закон сега му е потребно само зелено светло од холандскиот сенат пред негово конечно усвојување и применување во пракса.

Според законот, работодавачите ќе мора да ги разгледаат барањата на вработените да работат од дома се додека нивните професии го дозволуваат тоа.

И сето ова се случува кога во светот започна обратен тренд на враќање на вработените во канцеларија.

На пример, главниот извршен директор на Тесла, Илон Маск, минатиот месец постави ултиматум до своите вработени да се вратат во канцеларија или да си бараат нова работа.

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...