Интервју со Маја Керамитчиева – Talent Acquisition Specialist во Интертек.
Во 2022 година Интертек одбележува 7 години од своето присуство на македонскиот пазар. Кажете ни како изгледаа вашите почетоци и каде сте сега?
Од компанија со само неколку вработени и еден клиент-стратешки партнер, денес сме етаблирана компанија на пазарот со повеќе од 130 вработени во три држави: Германија, Косово и Македонија. Специјализирани сме за комплетен развој на продукти од идеја, развој на решенија и испорака, преку три сервиси за клиенти: Team Extension, Custom Solution Development и Managed Services. Да се биде дел од високорастечкии амбициозен колектив е привилегија, одговорност и задоволство.
Кажете ни нешто повеќе за луѓето кои стојат позади ЧР тимот на Интертек во Македонија и како вашиот рекрутмент тим се снаоѓа на Македонскиот пазар во процесот на Регрутација? Што е тоа што го правите поразлично во интертек во однос на другите компании во вашата бранша,а ги привлекувате кадидатите?
Луѓето во тимот за Човечки Ресурси се професионалци со долгогодишно искуство и значајна образовна позадина. Организирани сме во подсектори за Учење и Развој на вработените, Регрутација, Администрација и Ангажираност на вработени. Александра Велева и Искра Конеска се менаџерки на овие сектори.
Во Регрутмент тимот сме Маја Керамитчиева и Мимоза Лукарска со засилување од помлади сорсери Теодора Миткова и Илина Поповска. ИТ пазарот секогаш ќе биде голем предизвик, но со доволно вештини и соодветен пристап сметаме дека постигнуваме добри резултати и се развиваме како оддел и компанија. Само во последните 2 години компанијата се зголеми за 65% односно со 60 нови вработувања од секаков сениоритет.
Нашиот регрутациски процес е краток и ефективен, фокусиран на најзначајните елементи и се стремиме сите кандидати да имаат пријатно искуство преку целиот тек. Првиот телефонски повик од наша страна е скриниг повик од 15 минути на кој водиме општ разговор за да ја констатираме усогласеноста меѓу позицијата и искуството на кандидатот. Следи ЧР интервју на кое проценуваме културолошки фит кое може да е во живо или електронски со цел да се дознае повеќе за вештините, искуството и мотивацијата на кандидатот. Ова е двостран процес, каде што и кандидатите проценуваат дали Интертек би можела да биде нивна следна дестинација, па на овие средби ја презентираме компанијата и одговараме на сите прашања. Второто интервју е техничко интервју каде се проценуваат вештините за решавање технички проблеми, кодирање и логичко размислување. Сите кандидати се тековно информирани за развојот на нивната апликација, а по завршувањето на процесот добиваат одговор со соодветен фидбек.
Исто така го развиваме брендот на Интертек во соработка со маркетинг тимот и на тој начин ја градиме репутацијата на компанијата. Но, она што најмногу ни прави услуга e word of mouth. Интертек од своите почетоци се развива правилно и професионално од секој аспект. Соодветниот однос кон вработените пред се, професионалната комуникација со клиентите и предизвиците кои ги нудат проектите се одлики поради кои добриот глас се има проширено, а ние таа доверба тековно ja оддржуваме и оправдуваме.
Имате ли посебен бенефит програм и дали тоа влијаеа на кандидатот да работи во Интертек?
Се стремиме да се грижиме за добросостојбата на нашите вработени од секој аспект. Велнес-програмите за вработените во Интертек вклучуваат приватно здравствено, јога, вежби за цело тело, платени групни спортски активности и тимски настани. Можноста за избор да се работи од дома или да се работи од канцеларија, балансот меѓу работата и приватниот живот, 24 слободни денови во текот на годината се нешта достапни за секој вработен. Исто така, Интертек нуди едукативен буџет за надоградување на техничките и меките вештини, можност за учество на конференции и работилници, опрема и лиценци соодветни на стилот на работа. Но, она што сметам дека е клучно во Интертек е изборот на клиенти кој го прави менаџментот, почитта кон секој вработен, одличните меѓучовечки односи и организираноста.
Ве молам дадете совети како најдобро се припрема кандидатот за на интервју и што треба/нетреба да се каже на интервјуто?
Најдобро е кандидатот да направи истражување за компанијата со која стапува во контакт за да ги препознае допирните точки кои може да бидат потенцијалена прилика за соработка. Да се има на ум дека кандидатот и интервјуерот имаат иста цел. Нештата како појавување на време, пристојна гардероба, културен речник и свесност за вербалната комуникација и говорот на тело се основни нешта. Пред интервјуто да се направи сиже на сите предности кои кандидатот може да ги истакне за себе, а за време на интервјуто концизно да го претстави своето искуството, образвната позадина со примери како и да се изјаснат интересите за професионален развој во иднината.
При целото интервју треба да се биде искрен и автентичен, бидејки речиси и да не постојат погрешни одговори, средбата служи за обострантрано запознавање. Вежбање на симулации на интервјуирање некогаш ја разбива тремата која инаку би се појавила при вистинската прилика и ја поткрепува самодовербата. Да се има спремен одговор на најчесто поставуваните прашања при интервјуирање е олеснување за кандидатот, но најважно, преголемите подготовки некогаш доведуваат до генерични одговори и однесување. Вербата во себе, спонтаноста и искреноста се нештата кои навистина го истакнуваат секој кандидат во својата најдобра форма.
После Ковид 19 светот се префрли на онлајн интервјирање, ако може да кажете нешто повеќе за тоа
На почетокот беше мал предизвик, додека стане секојдневие, но бидејки електроската комуникација е својствена за IT сферата, за брзо не претставуваше никаква потешкотија. Онлајн интервјуата имаат и свои предности и недостатоци од логистички аспект – заштедуваат време и се многу практични, но од друга стана не може да се добие целосниот впечаток за кандидатот бидејки говорот на тело е она што не лимитира на мимики и тон на глас.
Ве молам одговорете на прашањето „Каде се гледате за 5 години“?
Најнепопуларното прашање 🙂 Со зацврстена позиција на IT пазарот и 100% реализирани цели и планови. Да останеме колектив кој се грижи за вработените и технички тим кој е во тек со сите технолошки трендови, со фокус на иновативноста и квалитетна изработка на софвер.
Дали го почитувате правилото на Ричард Бренсон „ангажирајте вработени со интелегенција и став а не факултетски дипломи“?
Би можела да се согласам делумно. Конкретно факултетите за информатички технологии сепак даваат добра основа која е неопходна за да се реализира кариера во IT индустријата. Но, во многу останати случаи – зрелоста, ентузијазмот, амбицијата и целите се оние што ги издвојуваат одличните кандидати од останатите.
Какви се плановите на Интертек за во иднина?
Во овој период ја развиваме новата канцеларија во Косово. Интертек во 2022 ќе започне со развој на Blockchain технологијата и изградба на тимот за Managed Services, а веќе сме во чекор со трендовите во Машинско Учење и Вештачка Интелигенција. Тековно ќе ги доразвиваме веќе постоечките гилдови во сите клучни технологии: JavaScript, Java, DevOps, Python, Mobile, QA, .Net и BI.
Доколку преземете содржина (статија или оглас) од 24HR задолжително наведете „Извор: 24HR“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено тука.