Експеримент: Wanderlust Group им дозволи на вработените да го спојат викендот со понеделник

од 24HR

Извршниот директор на компанијата Wanderlust Group спроведе експеримент дозволувајќи им на вработените да го продолжат својот викенд до понеделник и резултатите се фасцинантни!

Дали вашите понеделници би биле поубави кога викендот сè уште би траел? Wanderlust Group одлучи да тестира дали вработените повеќе ќе ја сакаат својата работа кога понеделникот би бил дел од викендот.

Зошто понеделник?

Голем број технолошки компании во моментов го тестираат четиридневниот модел на работа, со петок како дополнителен ден за одмор. Но, една вечер, гледајќи ја својата омилена серија, извршниот директор на Wanderlust Group доби една малку поинаква идеја.  

„Кога неделната вечер ја поминав гледајќи „Игра на тронови“ воопшто не сакав да одам на работа во понеделник наутро. А според мое мислење, работата треба да инспирира, а не да предизвикува отпор“, вели Мајк Мелило, извршен директор на Wanderlust Group.

Мајк Мелило потоа анализираше дека голема е веројатноста и неговите вработени да го имаат истото чувство. Особено со оглед на тоа што повеќето од нив живеат во крајбрежните градови, каде што надоаѓаат туристи за време на викендите и невозможно е да се прошета на мир во сабота или недела. Тоа може да се направи единствено во понеделник.

Потоа, компанијата покани 45 вработени од Масачусетс и Ред Ајленд да учествуваат во експериментот и, по желба, да организираат викенд во понеделник. Се разбира, Мелило ги предупреди и своите менаџери за оваа одлука. Според условите на експериментот, секој од 45-те вработени може своеволно да одлучи дали да го земе понеделник за неработен ден или да дојде на работа. Истовремено, резултатите и очекувањата од вработените останаа исти.

И какви се резултатите?

По неколку месеци се почувствуваа позитивните резултати од експериментот. Бројот на работни состаноци беше намален, а нивниот квалитет е значително подобар. Најважно од сè, работното расположение е на многу повисоко ниво.

Рамнотежата помеѓу приватниот и професионалниот живот на вработените постепено се врати во нормала и тие почнаа да им посветуваат повеќе време на своите семејства па така станаа посреќни.

Од друга страна, освен приходите на компанијата порасна и нејзиниот профит, и тоа за 121% во споредба со минатата година.

Со оглед на резултатите, компанијата одлучи да воведе четиридневна работна недела на трајна основа, организирајќи ја својата работна сила во смени. Секој од вработените може да земе еден ден екстра за одмор.

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...