Платформата за оценување на работодавачи Glassdoor ги објави 25те најдобри места за работа во светот за 2022 година.
Пандемијата на Ковид-19 ги натера вработените да размислат за тоа каде сакаат да ја градат својата кариера и да бараат повеќе од своите работни места. Наместо пензиско осигурување и слободни денови, вработените сакаат поддршка за своите семејства, фокус на нивната благосостојба, диверзитет и силни финансиски стимули.
Некои работодавци веќе се фатија за работа и ги збогатија своите бенефициски програми за вработените, а тоа ги рангираше погоре на скалата со најпосакувани работодавачи во светот.
Платформата за оценување на работодавачи Glassdoor ги рангираше 25те најдобри компании за работа во светот. Рангирањето се заснова на повратни информации од вработените на Glassdoor, а компаниите се оценуваат на скала од 1 до 5, врз основа на фактори како што се различноста и напорите за инклузија, компензација и бенефити, култура и вредности и рамнотежа помеѓу работата и животот.
„Светот на работното место брзо се развива, а милиони вработени поттикнати од пандемијата ги преиспитуваат своите очекувања од работодавците“, вели Кристијан Сатерленд-Вонг, извршен директор на Glassdoor.
Погледнете кои компании се најдоа на топ 25 листата на Glassdoor за 2022 година:
- NVIDIA
- HubSpot
- Bain & Company
- eXp Reality
- Box
- Boston Consulting Group
- Veterans United Home Loans
- Lululemon
- Salesforce
- Royal Caribbean Group
- NASA Jet Propulsion Laboratory
- Five9
- Twilio
- John Hopkins University Applied Physics Laboratory
- Adobe
- Akamai
- Delta Air Lines
- Rivian
- Autodesk
- MathWorks
- ServiceNow
- Mountain America Credit Union
- Milwaukee Tool
Доколку преземете содржина (статија или оглас) од 24HR задолжително наведете „Извор: 24HR“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено тука.