Како изгледа еден работен ден во CrazyLabs

од 24HR

Сите кои немаме доволно познавање од информатичкиот свет, многу често се запрашуваме како тече секојдневието на луѓето, кои работат во ИТ компаниите, особено доколку се работи за компанија посветена на развој на игри за мобилни телефони.

Според мнозинството, најчестиот одговор за работењето во една ИТ компанија би изгледало вака: вработени кои доаѓаат на работа каде што лаптопот и ИТ гаџетите им се основната работна опрема, луѓе кои се перцепираат како стереотипично асоцијални, не комуницираат меѓусебе и се фокусирани единствено на своите задачи.

Но, во реалноста за компанија со светски успеси како CrazyLabs, најважно е колегите покрај работа да се дружат и забавуваат додека се на работното место, – впрочем тоа ги издвојува од другите компании во Македонија и имаат “уникатна ДНК“. Мотото коe ги води како компанија е „Доколку не ти е забавно и не уживаш во тоа што го работиш, не си на правилно место“.

Пример за како работи една компанија од оваа индустрија е токму светската компанија за развој на мобилни игри, CrazyLabs, која е дел од Embracer Group и има свое седиште во повеќе држави, како Израел, Германија, Кина, Украина, Индија и Македонија. Оваа компанија е водечка во развивање на casual и hyper-casual мобилни игри, со над 5 милијарди симнувања на истите, како и 250 милиони месечни корисници. Едни од најпознатите игри под капата на CrazyLabs се: Sculpt People, Multi Maze 3D, Super Stylist, Dentist Bling и многу други, достапни и за Android и iOS уреди.

Затоа ќе претставиме како изгледа еден работен ден и каква е културата во оваа компанија.

Како започнува еден работен ден во CrazyLabs? Нормално, со забава 🙂 Најголем број од вработените во канцеларијата во Скопје доаѓаат со електричните тротинети кои што им ги подари самата компанија, се со цел да им помогне во негувањето на здрави навики а воедно и да се грижат за животната средина.

Менаџментот се грижи постојано да имаат беспрекорни услови за работа за компанија од светски рамки како што ни доликува. Обезбедено им е се што им треба за еден работен ден, па така денот во CrazyLabs започнува за секого различно, некој го започнува со кафе, некој со доручек и цеден сок, а некој со утрински тренинг во теретаната која што ја имаат во склоп на зградата за сите вработени. Денот продолжува динамично со работа, состаноци, а од сите најомилен дел им е заедничкиот ручек, секоја недела различна кујна со различни теми за разговор. Набрзина до станицата за сладолед да се освежат и назад на работа.

Имаат засебен простор за полнење на батериите game room, пинг понг, каде ја поминуваат паузата комуницирајќи меѓусебе во опуштена атмосфера на различни теми од секојдневието, а со тоа се докажува дека познатите стереотипи за асоцијалноста на вработените во ИТ компаниите се само мит.

Со се ова горенаведено, може гордо да се пофалат дека ги имаат најсовремените и најмодерните канцеларии во Македонија на површина со повеке од 1500 квадратни метри. Пред се, имамаат пријатна работна атмосфера и најважно им е вработените да го работат тоа што го сакаат, да уживаат и да им биде забавно на работа.

Со тоа што се работи во многу променлива и динамична средина, успехот значи адаптација и постојано еволуирање во подобра верзија од самите себе. Технологијата напредува, а заедно со неа напредуваат и самите вработени и нивната креативност.

Сите вработени во оваа компанија сакаат да придонесат со своето знаење и да имаат големо влијание во гејминг индустријата, оставајќи свој печат, а со тоа да придонесат и за растот на CrazyLabs. Клучот за светски успех е соработката и работата како еден тим, исто како и врвниот менаџмент, кој нескромно споделува знаење и инвестира во своите вработени.

Сите кои што сакаат да бидат дел од оваа компанија и да го работат она во кое што ќе уживаат, може да ги видат отворените позиции тука.

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...