Како изгледа процесот на вработување во Apple?

од 24HR

Прашањата за интервју во Apple се движат од технички до филозофски – еве низ што треба да поминат кандидатите за да се вработат во една од највредните компании во светот!

Apple важи за една од најголемите технолошки компании во светот и несомнено едно од најпосакуваните места за работа. Токму затоа и патот кој треба да го поминете како апликант за да се вработите во Apple не е воопшто лесен.

Во оваа статија ќе ви откриеме кои се меките вештини кои компанијата ги бара, на што треба да внимавате во вашата кратка биографија, колку фази има процесот на вработување, што е STAR методот кој компанијата го користи и ќе се осврнеме на неколку примери за видови на прашања што компанијата им ги поставува на кандидатите за работа.

Меките вештини се важен фактор во Apple

Од ZDNet велат дека Apple сака да вработува луѓе со врвни технички способности, но исто така и бара да поседувате бројни меки вештини. Некои од нив се:

  • Брилијантност
  • Одлучност и цврстина
  • Опсесивна љубопитност
  • Фокус на тимот
  • Идеализам

Apple внимателно ја проверува секоја кратка биографија

Како почетна фаза на филтрирање, Apple користи автоматизиран софтвер за скенирање на клучни зборови во кратката биографија на кандидатите – што значи дека секој кандидат пред да го испрати своето CV треба да се увери дека истото е машински читливо.

Така на пример, за работните места за кодирање, Apple очекува да види избрано портфолио до 10 проекти на места како GitHub, GitLab и BitBucket.

Процесот на интервју има 3 фази

Процесот на интервјуирање во Apple се состои од 3 фази, и тоа:

  • 15 минутно телефонско интервју
  • 6 часовен тест на вештини или сесија за решавање на проблеми
  • Финални интервјуа со различни членови на тимот кои може да траат и цел ден

Методот е STAR дава најдобри резултати

На прашањата за достигнувањата на кандидатите, експертот Хана Рејли го препорачува користење на STAR методот:

  • Ситуација: Опишете ја ситуацијата во која сте биле;
  • Задача: Покажете која беше вашата улога во ситуацијата;
  • Акција: Објаснете ги активностите што ги презедовте и
  • Резултат: Споделете го исходот од вашите постапки.

Најпоставувани прашања во Apple

Хана Рејли, исто така, сподели и неколку примери на прашања кои ги поставуваат во Apple – прашања кои може да бидат исклучително различни. Еве некои од нив:

  • Кажете нешто за некој иновативен проект на кој сте работеле?
  • Кога би можеле да се вратите во минатото, што би направиле поинаку?
  • Како функционира токенизацијата?
  • Како се зачувуваат податоците за плаќање на уредот?
  • Објаснете му што е рутер на 8-годишно дете?
  • Како ги приоритизирате вашите обврски?
  • Каков тип на неуспех сте направиле во минатото и што сте направиле во врска со тоа?
  • Што е тоа што Apple ја разликува од останатите компании?
  • Кој продукт на Apple најмалку ви се допаѓа и зошто?
0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...