Миграција на работната снага

од 24HR

Колумна на Лилјана Кочоска-Директор за човечки ресурси во Nikki Beach Montenegro

Миграцијата секогаш се одвива по принципот да се оди таму каде што финансиските услови се подобри. Се останато што се подведува како прилика за миграција е само накалемување на финансиската основа.

Во изминатите години, Балканот стана примамлив за работна снага од азиските земји и пост советските земји.

Нашите услови на Балкнот за некого се ветена земја. Барем така се прикажува заинтересираноста од страна на агенциите за посредување при регрутација и селекција на кандидати.

Она што е интересно е дека сите потенцираат дека луѓето што доаѓаат од тие земји за да работат во регионот се  работливи, тихи, сервилни и насмеани.

Од друга страна имаме податоци како нашите луѓе пак кога го напуштаат Балканот, покажуваат извонреден процент на брза адаптибилност на условите кои ги дочекуваат таму.

Од аспект на човечки ресурси ова го земам како егземплар дека всушност покрај финансиските бенефити сепак многу поголема улога игра условите за работа, адаптибилноста на нова средина и прилагодување на важечките правила.

Но она што ми стана фокус е  фразата дека тие луѓе се „тихи, сервилни и насмеани“.

Па се запрашав од кога овие „карактеристики“ станаа тренд во процесите на регрутација и селекција покрај вообичаените да е „тимски играч„ да е “спремен да работи под притисок„?

Или „евтина работна снага“ е новото „тивкост, сервилност и насмеаност“? Некако порано се ежевме од примерите кои ги објавуваа како се искористува евтината работна снага од страна на големите светски компании.

Предизвикувачки процес е интеграцијата на различни културолошки, социјални и етички начела во мултикултурална средина.

Но ништо помалку предизвикувачки е да таа нова работна снага од каде и да доаѓа, биде прифатена, интегрирана во нашите домашни модели на однесување и работење.

Симплифицирано, од каде и да доаѓа новиот вработен нема никаква врска со неговите работни навики, однесувања. Секаде имаме примери  за и против.

Прашање е на финанскиска исплатливост за увоз на работна снага.

Колку чини еден тих, сервилен и насмеан работник од Индија, Непал, Шри Ланка?

Колку чини неговото евентуално неадпатирање, неговиот иницијален трошок за да оствари право на работа во нашиот регион?

Или тоа ни е додатен бенефит за да не не боли глава заради подоцнежни евентуални проблеми кои како и секогаш ќе бидат делегирани во секторот за ЧР.

Не можам да најдам одговор дали направивме се за анимирање на локална работна снага, па веќе немаме друга опција?

За авторот:

Лилјана Кочоска

Директор за човечки ресурси во Nikki Beach Montenegro

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...