петок, јануари 2, 2026
Почетна ТрендовиПодемот на автоматизираните описи на работни места

Подемот на автоматизираните описи на работни места

by 24HR

Американската компанија SkyHive развива автоматизиран генератор за опис на работни места кој гарантира рамноправно вработување и вработување засновано на вештини.

SkyHive, компанија пионир во Quantum Labor Analysis® за брзо преквалификување на вработените и заедниците ширум светот, објави дека го патентирала својот генератор за опис на работни места кој се заснова на машинско учење.

Овој генератор за опис на работни места (JGD) кој е само дел од решенијата за работна сила на SkyHive, ја отстранува потребата од пишување на традиционални описи на работни места и го автоматизира креирањето на опис на работни места со користење на комбинација помеѓу машинско учење и статистичка анализа на податоци.

JGD го користи уникатно развиениот Deep Generative Model на SkyHive и најголемиот графикон на знаење на пазарот на трудот во светот за да создаде описи на работни места кои соодветствуваат со условите на пазарот на трудот во реално време, и сето тоа засновано на интелигенција која ја отстранува пристрасноста и е насочена кон вештините на корисникот.

Пронајдокот ја користи глобалната интелигенција за стриминг на податоци за пазарот на трудот на SkyHive, која им овозможува на корпорациите и владите да привлечат квалификувани кандидати на ниво на вештини, да ги вклучат новите тековни сознанија за јазот во вештините во нивните процеси на регрутација и стратегии за задржување на таленти и да обезбедат соодветни механизми за отстранување на вродената пристрасност во традиционалните описи на работни места.

Крајната цел на технологијата на SkyHive е да им помогне на компаниите и владите да го намалат времето за регрутирање за 90%, времето за вработување за 30% и да ја зголемат родовата разновидност за 10%.

Нивните решенија исто така, ја зголемуваат ефикасноста на учењето и развојот на работната сила за 70%.

Related Posts

Leave a Comment