Започни ја твојата кариера во продажба директно во USA преку Slice

од 24HR

Ем редовен работен однос, ем добра основица, ем неограничена варијабла!

На 07ми септември со почеток во 15:00 до 19:00 часот во канцелариите на Slice во Скопје (наспроти Љуц, до Лимак Хотел) е организиран отворен ден за кариера во Slice.

Запознајте го тимот, почувствувајте ја атмосферата и уживајте во одлична пица забава. Дознајте како би изгледал вашиот работен ден, кој е тимот позади успехот на Slice и уште повеќе информации за бенефитите кои ги нудиме. Ако сте подготвени да се придружите на нашиот тим за продажба, ќе имаме брзи интервјуа и можност што не може да се пропушти – да бидете вработени на лице место!

Slice е глобална tech компанија со над 1.000 вработени и канцеларии во New York, Belfast, Debar, Ohrid и Скопје. Примарната цел на компанијата е да им помогне на локалните пица-ресторани во Америка да бидат конкурентни на пазарот, преку обезбедување на иновативна платформа за нарачување пица, но и техничка поддршка, советување и помош при работењето.

Во моментов, на локално ниво Slice работи во Скопје, Охрид и Дебар истовремено остварувајќи директни соработки со над 17.000 пицерии во околу 2.000 градови низ САД.

Придружи се на Slice тимот!

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...