Зошто регрутерот треба да е и добар маркетер

од 24HR

Автор на статијата е Ребека Вељанова – Регрутер во CO LINES INC и специјалист за човечки ресурси нa UACS.

Во денешно време маркетингот стана еден од најважните ако не и најважен елемент за успешно регрутирање.

Доколку еден регрутер нема добар маркетинг план не верувам дека ќе има успешен начин или обем на регрутирање на нови кандидати. Разликата е во тоа што некои компании веќе имаат добро основан маркетинг департмент синхронизиран со регрутинг департментот каде секој си ја врши својата работа додека пак некои компании сè уште функционираат на малку поконвенционален начин на регрутирање каде самиот регрутер треба сам да си направи маркетинг план и притоа да го најде соодветниот начин како ќе ги најде кандидати кои му се потребни.

Јас како регрутер сум ги искусила и двата начини на регрутирање и секогаш повторно би го избрала начинот каде се е во мои раце. Можеби звучи чудно бидејќи повеќето би сакале да не работат и маркетинг и регрутинг заедно но искрено јас тоа го најдов како совршена комбинација и некако со времето сфатив дека еден регрутер ако сака да е успешен и вистински професионалец мора да го има целото потребно маркетинг знаење.

Причината зошто е тоа така е во тоа што самиот регрутер најдобро знае каде може да се најде соодветниот кандидат и што точно треба да се каже на кандидатот за да се задржи неговото внимание. Јас кога почнав немав многу знаење од областа на маркетингот но сфатив дека кога почнуваш да го истражуваш и тој дел самите информации доаѓаат набрзо и во вистинското време благодарение на целата современа технологија која ја имаме денес на располагање и е штета да не се искористи.

Секако, постојат и одредени ситуациии каде оваа тактита би била исклучена, таков пример би бил доколку компанијата има потреба од 50-100 вработувања месечно каде мора да се има посебен маркетинг специјалист и посебен департмент за човечки ресурси заосновани на ИТ системи кои целиот тој процес го одработуваат па целата работа е веќе длабоко систематизирана и усовршена со најнови технологии.  Доколку станува збор за компанија од средна големина која цели да прерасне во голема компанија, секој еден регрутер мора да дава сè од себе на секое поле за да придонесе во компанијата со нови вработувања.

Како заклучок би рекла дека дефинитивно многу попредизвикувачки е кога се е во рацете на регрутерот и тој треба од нула да смисли свој сопствен начин да ги оствари новите вработувања кои и се потребни на компанијата. Во еден таков момент од мојата кариера јас лично го стекнав најголемото искуство кое ми даде основа и многу самодоверба за да го работам ова уште долго.

За авторот: 

Ребека Вељанова е регрутер за човечки ресурси во CO LINES INC. Специјалист за човечки ресурси. Специјализирана на UACS на тема: Стратегии за мотивирање на вработени.


0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...