Агилноста пристигна во HR и се шири со огромна брзина

од 24HR

Агилноста во HR е филозофија, култура, мајндсет, но и сет креативни алатки и одлични менаџерски практики, кои влечат корен од IT индустријата која во 2001 година го креира Агилниот Манифест и ја направи најголемата организациска трансформација во 21 век.

Минатиот месец организирав неколку вебинари на тема: „Агилна трансформација на HR”, на која со повеќе HR професионалци од нашите компании разговаравме на темата и се обидовме да дадеме одговори на неколку „жешки” прашања кои не засегаат сите, како:

Во кој стадиум се наоѓа HR професијата во Македонија?

Со какви предизвици се справуваат HR професионалците во ерата на Covid-19?

Колку се нашите компании расположени за радикални промени поради новата ситуација?

Како може HR да ја поддржи агилната трансформација во компаниите?

Многу одамна Аристотел рекол: “Она што сакаме да го научиме пред да го сработиме, го учиме работејќи, т.е. искуствено.

Во контекст на оваа древна изрека, би го споделил и мојот опис на агилноста како:

Способност да се движиме брзо и да учиме, за да се адаптираме на новата ситуација и да постигнеме одлични резултати.”

Сите HR лидери се сложија дека организациската агилност, треба да биде главен приоритет во тековната 2020 година, што е тренд во развиените земји веќе неколку години и што на многу компании им помогна да ги решат проблемите предизвикани од Корона вирусот.

Компаниите како Google, Amazon, Facebook… се целосно агилни и според нив тоа е нивната клучна предност во овие предизвикувачки времиња. Нивните организации се трансформираа од хиерархиски централизирани структури во мали само-менаџирани тимови врзани во мрежи, што има дава голема слобода на одлучување, но и брзина и флексибилност при справување со промените.

Во овие тешки моменти, HR треба да покаже вистинско лидерство и да заземе клучна улога при справувањето со промените, воведувањето на новите работни продукти, стимулирање на креативноста и иновативноста, мотивацијата на вработените, поефикасното работење од дома…

Адаптирањето на Агилното Манифесто и неговите принципи и вредности треба да биде приоритет број 1 на секој HR професионалец.

Но најпрвин, што е тоа Agile HR, и какви предности има во однос на традиционалниот пристап?

Агилноста во HR е филозофија, култура, мајндсет, но и сет креативни алатки и одлични менаџерски практики, кои влечат корен од IT индустријата која во 2001 година го креира Агилниот Манифест и ја направи најголемата организациска трансформација во 21 век.

Целта им била да бидат во поблиски односи со крајните корисници, т.е. да им дадат вредност во брзи и кратки интервали, наместо во недогледни рокови како што беше претходно, и сето тоа без мониторинг на менаџментот, т.е. работејќи во мали мулти функционални и автономни тимови. 

Новите елементи кои даваат обележје на агилниот пристап се: кратки секојдневни состаноци (15 min stand-up), Scrum – едноставен проектен менаџмент, OKR – (objectives & key results) како алатка за поставување брзи и транспаретни тимски цели, наместо застарените KPI и други.

Вредно е да се споменат и агилниот модел Design thinking кој има одлична примена во процесот на регрутација, но и визуелизацијата со табли излепени со sticky notes во колоните TODO, DOING, DONE по моделот Kanban и многи други креативни алатки кои се вклучени со секоја фаза од HRM, во учењето и развојот на компетенции, наградувањето и перформансите, мотивацијата и бенефитите, итн.

Но самото лепење белешки на табла и промената на името од HR во “People & Culture” и слично, не значи дека компанијата веќе е агилна, ако сеуште не е креиран агилниот мајндсет.

А токму тука е силата на HR, да најпрвин го убеди менаџментот за бенефитите од оваа промена, а откако ќе ја добие нивната поддршка да започне со ширење на агилната компаниска култура низ сите пори на организацијата.

Алатките од типот агилен коучинг, конструктивен фидбек, storytelling, кариерно советување, се само дел од алатките со кои менаџерите ги шират новите агилни уверувања во организацијата по принципот “top-down”, а вработените ги пригаќаат и живеат со нив.

Менаџерите се должни да направат и неколку измени во нивниот стил, т.е. при ширењето на културата да преминат кон агилното лидерство кое се состои од:

  • давање поголема автономија,
  • делегирање на одговорности,
  • признанија и пофалби,
  • редовен фидбек и коучинг,
  • емпатична комуникација,
  • доживотно учење и зајакнување на вештините на тимот,
  • експериментирање и континуирано подобрување,
  • креирање на средина на психолошка сигурност и
  • интринскичка мотивација, како дел од факторите на успех на агилната трансформација.

И секако се поставува прашањето: “Како да стартуваме со агилната трансформација?”

Најпрвин HR треба да ги научи и почне да ги применува агилните вредности и уверувања:

  • Луѓето и нивната соработка пред процедурите
  • Инспирација и мотивација пред контрола и притисок
  • Справување со промените пред држење до планот
  • Давање вредност пред административна ефикасност
  • Само-организирани тимови пред хиерархиски структури
  • Транспарентност пред задолжителна доверливост

Ова HR може да го направи со подлабинско навлегување во темата агилност, со читање книги и посета на online курсеви, сертификација од некој Agile HR центар и со почеста коомуникација со колегите од IT, бидејќи повеќето веќе работат на Scrum, Kanban или некој друг агилен модел.

Наредниот чекор е организирање на “Kickstarter week”, каде со ангажирање надворешен агилен коуч ќе се организира работилница, каде целата организација ќе се запознае со гореспомнатите алатки и практики на Agile HR, во креативна и забавна атмосфера, што претставува најдобра практика за брза имплементација и убедување (buy-in) на сите засегнати страни. Корисно е HR тимот да се сертифицира за да биде повлијателен кон сите сектори и за подобро да ги разбере потребите на сите засегнати страни.

Во моментот кога компанијата ќе почне да ги живее и дише агилните принципи и вредности, ќе дојдат до израз сите бенефити од имплементација на оваа програма, како што се: зголемено задоволство, мотивацијата и ангажираност на вработените, брза и флексибилна адаптација на секоја идна промена, криза или предизвик, зголемена продуктивност и профитабилност на компанијата како целина, иновативност и лансирање на нови производи и услуги поради учењето и развојот на нови вештини и поради процесот на експериментирање и усовршување.

За крај, доколку вие се гледате како иден лидер во развојот на нови производи и услуги, како дел од еден центар на извонредност и место во кое секој би сакал да работи поради одличната култура и работна атмосфера, тогаш време е да се приклучите кон ова движење и да направите значаен личен исчекор.

На мрежата LinkedIn е креирана група под назив Агилни луѓе, во која може да се зачлените, да се вмрежите со вашите колеги од нашата HR заедница, за заеднички да го развиваме ова модерно движење кое претставува новиот радикален пристап за развој на луѓето во 21 век.

#агилнилуѓе #staysafe

 

За авторот:


Илија Попјанев е бизнис тренер со долгогодишно работно искуство во интернационални компании, фокусиран на развој на лидерите и вработените и нивниот придонес за раст на компаниските перформанси. Специјализација му е имплементација на организациска култура и управување со промени, со посебен осврт на агилните култури и проактивната одговорност. Тој е и агилен коуч, тренер на тренери и фасилитатор на бизнис симулации. Соработува со најголемите компании во Македонија, а како интернационален тренер и претставник на DOOR Training и Silega, активно испорачува обуки во повеќе земји во регионов.

 

0 коментар
2

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...