вторник, декември 23, 2025
Почетна ТрендовиВработените во Финска, Луксембург и Ирска најмногу работеле од дома во 2020 година

Вработените во Финска, Луксембург и Ирска најмногу работеле од дома во 2020 година

by 24HR

Мерките за социјално дистанцирање воведени во 2020 година како одговор на пандемијата принудија голем број луѓе да работат од дома.

Според податоците на Евростат, во 2020 година, 12,3 проценти од вработените на возраст меѓу 15 и 64 години во ЕУ обично работеле од дома, што е двојно повеќе од просекот, кој константно остана на околу пет проценти во текот на последната деценија.

Во изминатите години, учеството на самовработените кои пријавиле дека работат нормално од дома секогаш било поголемо од учеството на другите категории работници.

Сепак, јазот стана помал во 2020 година, бидејќи учеството на вработените кои обично работат од дома се зголеми од 3,2 проценти во 2019 година на 10,8 проценти, додека учеството на самовработените се зголеми во помала мера, од 19,4 проценти во 2019 година на 22 проценти во 2020 година.

Жените побројни

Во 2020 година, поголемо е учеството на жени (13,2 проценти) кои вообичаено работеле од дома во споредба со мажите (11,5 проценти).

Споредено со другите возрасни групи, помладите луѓе пројавиле помала тенденција да работат од дома во 2020 година.

Само 6,3 проценти од оние на возраст од 15 до 24 години изјавиле дека работат од дома, во споредба со 13 проценти во категоријата 25-49 и 12,4 проценти во возрасна група од 50-64 години.

Работата од дома најзастапена во Финска, Луксембург и Ирска

Финска беше на врвот на листата на земји-членки на ЕУ кога станува збор за работа од дома, со 25,1 процент од вработените кои во 2020 година работеле од своите домови.

Зад неа е Луксембург со 23,1 процент и Ирска со 21,5 проценти.

Австрија, Холандија, Белгија и Данска се исто така меѓу најдобрите земји во кои работата од дома беше доминантна.

Спротивно на тоа, најниско учество на работници кои работат од дома се регистрирани во Бугарија (1,2 проценти), Романија (2,5 проценти), Хрватска (3,1 процент) и Унгарија (3,6 проценти).

Related Posts

Leave a Comment