Како да го решиме проблемот на пристрасност на работното место?

од 24HR

Според едно истражување на 360 Resourcing дури 86 проценти од вработените искусиле пристрасност на работното место. Што можеме да направиме за да го промениме тоа?

Дискриминацијата на работното место е прашање што може да го натера и најискусниот експерт за човечки ресурси да се чувствува непријатно. Се чини дека станува збор за проблем кој многумина го земаат здраво за готово бидејќи сметаме дека сме ги поминале деновите кога нечие општествено или културно потекло би ги поткопало неговите изгледи за кариера? Но, дали е навистина така?

Бројките го покажуваат токму спротивното. 86 проценти од испитаниците во едно неодамнешно истражување на 360 Resourcing одговориле дека тие самите се соочиле со пристрасност на работното место. Од нив, голем дел се експерти во областа на човечките ресурси.

Па, што сè му недостасува во општеството кога станува збор за создавање на непристрасно работно опкружување?

Што е пристрасност на работното место?

Пристрасноста на работното месот, или во која било околина, може да се изврши свесно или несвесно. Ова значи дека поединецот може да биде потполно свесен или целосно да не е свесен за неговата лична пристрасност која влијае на неговите одлуки за вработување и менаџирање.

Пристрасноста, исто така, може да биде позитивна или негативна во својата дискриминација, што значи дека носителот на одлуки може да вработи или отпушти одредена индивидуа или група на луѓе, без оглед дали е тоа намерно или не. Тоа може да се однесува на луѓе со одредено културно потекло, сексуален идентитет или пол.

Без оглед на дискриминацијата и нејзината намера, резултатот е најчесто ист: недостаток на витална разновидност во рамките на една работна средина.

Несвесната пристрасност честопати претставува многу помолем предизвик отколку свесната пристрасност. Кога личноста е потполно несвесна за своето дискриминаторско однесување, тогаш потешко е да се идентификува нејзиното присуство и да се преземат чекори за нејзино отстранување од клучните бизнис процеси.

Зошто разновидноста на работната сила е толку важна?

Во 21 век, прашањето за важноста на различностите во сите сфери на животот стана речиси самоодговорено. Промовирањето на еднакви можности преку инклузивност и разновидност е една од најшироко распространетите вредности на денешното општество.

Промовирањето на диверзитет во бизнисот има исто така многу предности. Кога работната сила е инклузивна, таа гарантира безбедна работна атмосфера која ги прифаќа и охрабрува луѓето со различно мислење, потекло, светоглед, а тоа го прави базенот со таленти, искуството и општествената слика за компанијата многу поширока. Ова не е од суштинско значење само за задржување на вработените, туку и за привлекување на најдобрите таленти од сите сфери на животот.

Може ли да се запре пристрасноста на работното место?

Со оглед на тоа што разновидноста на работната сила е толку важна придобивка за деловните субјекти во 21-от век, од клучно значење е носителите на одлуки да се опремат со алатки за запирање на дискриминацијата во нејзините траги.

Организациите како што се Google и Amazon, да споменеме само неколку, имаат спроведено голем број политики за разновидност и инклузија во последните неколку години. Политиките вклучуваат промовирање на чувството за инклузија како дел од културата / визијата на компанијата, поттикнување на поразновиден опсег на таленти да се приклучат на тимот и сл.

Методите за „вработување на слепо“, кои вклучуваат отстранување на клучните идентификатори од профилите на кандидатите при вработувањето, исто така, се покажаа како успешни во намалувањето на појавата на дискриминација.

За сопствениците на бизниси, поважно е од кога и да е да се осигураат дека нивната компанија се претставува како организација што промовира инклузија. Ова честопати може да се загрози ненамерно со едноставни грешки, како што е употребата на јазикот. Зборовите како продавач, келнерка, млада или искусна може да исклучат вреден талент од процесот на вработување.

Градењето на јасна визија за инклузивност во вашата компанија, како и избегнувањето тактики што можат да доведат до пристрасност, може да ве однесе напред во создавањето на еднакви можности за вработените.

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...