Неодамна го објавивме 40-тото интервју во рубриката посветена на љубовта кон човечките ресурси со најуспешните и најдокажаните HR професионалци во Македонија. Овој понеделник продолжуваме со вториот дел од приказната за тоа како настана рубриката „Љубов кон HR“ и како изгледаше нашето заедничко патување до денес.
Рубриката Љубов кон HR настана со самото лансирање на првиот и единствен портал за човечки ресурси во Македонија (www.24hr.mk). Во тоа време, не ни претпоставувавме дека за нешто помалку од една година рубриката ќе брои повеќе од 40 интервјуа со звучни имиња од македонската HR заедница. Денес, понеделнички како што е и редот, ќе се навратиме малку наназад и ќе откриеме со кого сѐ разговараше тимот на 24HR. Во продолжение следува вториот дел од нашето специјално ретроспективно издание на рубриката „Љубов кон HR“. За да го прочитате првиот дел, кликнете овде.
Вториот дел од приказната започнува со Биљана Талевска од „Аксапта Мастерс“ која со нашите читатели го сподели искуството на еден HR професионалец во ИТ индустријата, а една недела подоцна разговаравме и со Бјанка Катру – Менаџер за човечки ресурси и администрација во Финансиското друштво М Кеш Македонија која во еден здив ја раскажа својата HR приказна.
Две интервјуа во Холандија
За 24HR се зборува и надвор од границите на Македонија, а потврда за тоа се и двете интервјуа кои ги направивме во Холандија. Така во ноември 2020 најпрво разговаравме со Оливера Анѓелковиќ која е основач на компанијата Olivera Coaching & Consulting и Executive Coach во MARLEQ, а потоа и со Моника Костовска која како млад HR ентузијаст и професионалец ја гради својата кариера во Хаг, Холандија. Нашата „холандска“ приказна беше комплетирана со Неда Спасевска од кого слушнавме за нaјактуелните HR практики во холандската ИТ компанија Xessable.
На наше огромно задоволство, во ноември имавме можност да разговаравме и со Ставрос Георгакопулос – директор за човечки ресурси во Македонски Телеком со кого разговаравме за неговата кариера и патот кој го доведе во нашата земја, а потоа месецот го завршивме со Катерина Стојановска која ни раскажа повеќе за своето глобално искуство во областа на човечките ресурси.
Пристигна декември, а ние повторно се навративме на „Аксапта Мастерс“ и овојпат разговаравме со Ирина Кузевска која ни посочи дека HR-от дава „човечки допир“ на сите активности во една компанија, а една недела подоцна се запознавме и со Елена Инадеска-Аврамовска која од позиција на HR Менаџер во ИТ компанијата „Сингулар“ ни ги откри своите мотиви за кариера во човечки ресурси.
Потоа, имавме шанса да разговаравме со Весна Коруноска од Лакталис Македонија, а 2020 година ја заокруживме со Елена Костовска од SoPro која ни ја откри тајната за баланс помеѓу кариерата и приватниот живот.
Продолживме и во 2021
Новата година ја започнавме со Македонка Димковска од Symphony Digital, а потоа продолживме со Лилјана Бојковска од ИутеКредит Македонија, Ана Оклеска од ПроКредит Банка и Јулијана Миновска од The HeadHunter Македонија кои со голем ентузијазам ни раскажаа за својата љубов кон човечките ресурси.
Следуваше интервју со еден од најголемите и најдокажаните HR професионалци во земјава, а тоа е Виктор Дојчиновски од Костал Македонија кој не потсети да не заборавиме на професионалниот интегритет и човечноста во нашата работа, а во месец февруари се дружевме и со Нехар Аљиу, Викторија Дамчевска – која редовно пишува и свои колумни на 24HR и Кристина И. Капсарова од ИТ компанијата Personal Programmer.
Дека HR-от го носи „човечкото“ во секојдневието на вработените не увери Драгана Делова од Adeva, а за 8 март имавме можност да разговараме со Ребека Вељанова од компанијата HMD Trucking.
Последните три интервјуа ги направивме со Ружица Филипоска од Магнетик, Горан Кацарски од БРАКО и Ана Кулеванова од Цилиндо.
Интервјуата во рубриката „Љубов кон HR“ на 24HR беа прочитани преку 25 илјади пати.
За следниот понеделник ви подготвивме нова инспиративна HR приказна, а тоа е приказната на Даниела Карадаков, професор на БАС Високата школа во наставната област Менаџмент на човечки ресурси. Останете со 24HR и бидете во тек со најновите случувања од светот на човечките ресурси!
Доколку преземете содржина (статија или оглас) од 24HR задолжително наведете „Извор: 24HR“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено тука.