Под паролата „Ние ги направивме првите чекори, одиме заедно понатаму“ компанијата Инфинити Енерџи ИТСС го одбележа завршетокот на првата, шестмесечна фаза од работењето, по официјалното отворање на канцелариите во јануари годинава. Во изминатите шест месеци компанијата беше посветена на регрутирање и развивање на тимот со којшто ќе креира и имплементира иновативни решенија.
„Првиот и клучен предизвик за нас беше создавањето на висококвалификуван тим, затоа што сме свесни дека квалитетниот тим е нашата најголема сила и вредност. Фактот што после само 6 месеци функционирање веќе можеме да се пофалиме со неколку проекти, ми покажува дека овие први чекори сме ги направиле цврсто и во вистинска насока. Брзото етаблирање секако се должи и на споделената висока експертиза и искуство на групацијата Инфинити, којашто досега има реализирано повеќе од 3.000 успешни проекти.“ – изјави во оваа прилика директорот на Инфинити Енерџи ИТСС, Дејан Кекеновски.
Во присуство на нивните партнери, соработници, колеги и клиенти, компанијата и групацијата ги претставија нивните основни принципи, планови и визии.
„Групацијата Инфинити се роди со желба и визија да бидеме подобри и поинакви, и со знаење и квалитет да покажеме дека можеме да одговориме на барањата на светските пазари во областите информатички технологии и енергетика. Верувајќи дека заедно можеме да стигнеме подалеку и да постигнеме повеќе, Македонија беше нашиот прв фокус, кадешто во изминатите шест месеци покажавме дека имаме клучни предности за развој. Токму тука обединивме извонреден тим од професионалци кои во соработка со останатиот тим од групацијата веќе постигнува одлични резултати, а проектите на коишто работиме покажуваат дека пазарот има доверба во нашите капацитети.“ – изјави Бојан Вујиќ, претседател на Управниот одбор на Infinity International Group.
Македонската компанија Инфинити Енерџи ИТСС ги обединува потенцијалите на две брзорастечки индустрии – енергетика и ИТ сектор, за кои се очекува да имаат клучна улога во заздравувањето и растот на економијата во следните години. Од компанијата велат дека нивната главна визија е преку иновативни технолошки решенија да изградат дигитална иднина за сегашните и идните генерации.
Со влезот на македонскиот пазар, групацијата Инфинити којашто неодамна основаше свои компании и во Австрија и Црна Гора, ќе добие една нова димензија и квалитет. Воспоставувањето на бизнис моделите во овие држави е резултат на јасната цел и визија за консолидирање на знаењата и квалитетите на глобално ниво.
Во групацијата Инфинити работат повеќе од 500 професионалци, од кои 300 со напредни сертификати, и повеќе од 100 ИКТ инженери со значајно искуство во големи проекти од сите области на развој и имплементација на паметни решенија – за јавниот сектор, здравството, електроенергетиката, авиоиндустријата, телекомуникациите, транспортот, малопродажбата, и во многу други индустрии.
Доколку преземете содржина (статија или оглас) од 24HR задолжително наведете „Извор: 24HR“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено тука.