3 работи што ќе направат чудо врз вашето ментално здравје на работа

од 24HR

Октомври е месец посветен на менталното здравје на работното место и затоа првиот ден од месецот го посветуваме на работите што ќе го подобрат ментално здравје на вас и вашите колеги на работа.

На работа, листата со задачи е секогаш долга. Понекогаш е толку долга што тоа ја саботира вашата способност за контрола на менталното здравје и емоциите што ги доживувате во текот на целиот работен ден. Некои денови се чувствуваме толку зафатени што едвај се сеќаваме да го наполниме шишето со вода.

Сепак, исцрпеноста е реалност и секој од нас го чувствува тоа, без оглед дали работите од канцеларија или од одма. Денес, по повод месецот кога се одбележува денот на менталното здравје, ќе споделиме неколку едноставни активности што може да ги правите за подобро ментално и емоционално здравје на работното место.

Не потценувајте ја моќта на 5-минутната пауза

Без разлика дали станува збор за вообичаена пауза за ручек или одвојувамње на неколку минути за да ја слушнете некоја добра музика, обидете се на момент да ги затворите очите и да се исклучите од светот. Ова може да служи како храна и вода за вашиот мозок. Исто така, може да направите краток разговор со вашите колеги за нешто што не е поврзано со вашата работа. Ова е одлична можност да го подобрите вашето расположение, а тоа има позитивен импакт врз вашето ментално здравје и продуктивноста во остатокот од денот.

Движењето ќе ви помогне

Вистина е. Некои од посложените предизвици поврзани со менталното здравје произлегуваат од проблемите кои неочекувано ќе се појават. Тоа може да биде непријатен мејл од претпоставен, неочекуван состанок или еедноставно оган што не го очекувате во одредено време. Сакате да знаете која е најдобрата одбрана за ова? Движење. Тоа е еден од најмоќните начини да ги трансформирате негативните емоции и да го ресетирате вашето тело. Сфатете го ова како медитација во движење – ја ублажува вашата борба или реакција на бегство, но исто така дава и јасност во секојдневните тензии и иритации за да можете да ги оставите работите да течат малку полесно.

Поставувајте прашања за да дојдете до целата слика

Кога станува збор за менталното здравје на работа, малите нешта можат и те како да го земат својот данок. Тоа може да биде некоја мала, но здодевна задача која постојано ве оптеретува бидејќи не можете да ја завршите. Во овој случај, поставувањето на серија прашања може да ви даде поттик за нов поглед на работите, што значи дека во секоја работа треба да барате некое поголемо значење. Запрашајте се: „Каква корист имаат вашите клиенти од користењето на вашиот производ или услуга?“, „Како вашата работа влијае врз другите луѓе?“ и „Какво би било влијанието врз вашиот тим, компанија и клиенти ако не ја извршувате работата како што треба?“. Откако ќе ги добиете одговорите на овие прашања, ќе ви биде јасно кое е значењето на вашата работа и зошто се занимавате токму се неа, а ова ќе ви помогне да ги надминете своите секојдневни предизвици дури и во лоши денови.

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...