Дигитализација на HR процесите – потреба или трошок?

од 24HR

Интервју со Илија Секуловски, CEO на Семос ДОО Скопје

Динамичното окружување нѐ мотивира да преземаме проактивни мерки за ефикасно и ефективно искористување на ресурсите со кои располагаме. Ова пред сѐ се однесува на човечкиот капитал во компаниите. Колку се вработените подобро екипирани и обезбедени со вистинските алатки, толку резултатот кој што ќе го остварат ќе биде подобар. Кога зборуваме за алатки за вработените во HR професијата, тука најмногу мислиме на софтверите за човечки ресурси кои што со напредната дигитализација стануваат must-have за сите модерни компании.

На темата дигитализација на HR процесите разговаравме со Илија Секуловски, CEO на Семос ДОО Скопје, кој што сподели со нас значајни искуства и размислувања околу потребата од користење на HR софтвер, аспекти кои што треба да бидат земени предвид при изборот на HR софтвер и како употребата на добро конципиран HR софтвер води кон трансформација и модернизација на процесите во компаниите.

Семос важи за една од најстарите ИТ компании во Македонија. Која е поврзаноста на Семос со HR проблематиката?

Семос е присутен на македонскиот пазар веќе 40 години. Нашата палета на продукти е доста широка и разновидна, а нашите бројни клиенти се од најразлични индустрии.

Нешто на што сме особено горди како компанија е нашиот софтвер за човечки ресурси Motiv8 кој што внимателно го развиваме веќе 15 години.

Важноста на човечките ресурси за успехот на една компанија е веќе многупати потврдена. Токму затоа Семос е корпоративен член на Македонската асоцијација за човечки ресурси од нејзиното основање и сме докажан поддржувач на промовирањето на важноста на човечкиот капитал во македонската економија. Соработката со МАЧР, како и посветеноста на нашите вработени во постојано надградување на нашиот HR софтвер резултира со постигнување на компактно и модерно HR решение.

Кажете ни нешто повеќе за софтверот за човечки ресурси?

Motiv8 претставува робустно решение кое може да одговори на сите барања на компаниите и HR професионалците кои го користат, кога станува збор за вработените во компаниите и нивните потреби. Нешто на што ставивме акцент кога започнавме со развивање на софтверот беше потребата да е user-friendly и лесен за користење. Всушност, нудење на лесни за користење софтверски решенија на вработените е и еден од постулатите за подобрување на employee experience во компаниите. Следно на што се фокусиравме беше да  изработиме целосно решение кое ќе го следи целиот животен циклус на вработените. Па така настанаа задолжителните модули за администрација на досиејата на вработените (евиденција на кадар), систематизација и организација на работни места и управувањето со отсуства и работно време. Овие 3 модули заедно со self-service порталот кој што е наменет за користење на сите вработени во компаниите го заокружуваат административниот дел од HR процесите. Основните модули на софтверот се составени и од модулите за регрутација, мерење на перформанс на вработените и евалуација 360 степени, стручно усовршување и обука и пресметка на плата. Со овие модули се заокружува целосното функционирање на одделите за човечки ресурси.

Што друго како фунционалност нуди Motiv8?

Свесни сме дека динамичното окружување побарува што поголема автоматизација и дигитализација во сите сфери на работењето и поради таа причина продолживме кон изработка на дополнителни модули на нашето решение. Софтверот нуди изработка на најразлични видови на извештаи, кои што можат да бидат изработени во најразличи форми (Dashboard, Pivot Grid и стандардни извештаи) кои што значително ја олеснуваат работата на HR професионалците, а на менаџментот на компаниите им овозможуваат носење на издржани одлуки на кои може да им се верува. Останати дополнителни функционалности (модули) се и центарот за нотификации кој што испраќа известување до надлежните лица за важни активности, HR буџетирање, библиотека на урнеци на документи, огласна табла за вработените која што е во склоп на self-service порталот од која што вработените се информираат за донесените интерни акти на компанијата.

Повеќе за бенефициите и за функционалностите на модулите може да се прочита на motiv8.semos.mk и да се закаже презентација од страна на нашите искусни вработени.

Што е тоа што ве прави посебни во однос на Вашите конкуренти?

Нашето HR решение е препознато и широко распространето не само во нашата држава, туку и во околните балкански земји, во над 10 различни индустрии, над 30 компании и над 10.000 активни корисници, што значи дека нашата мрежа на соработници е прилично голема.

Релациите кои што ги имаме изградено со нашите клиенти се многу значајни. Посветеноста на нашиот тим да одговори на нивните потреби и да изработи квалитетни решенија кои што ќе одговорат на нивните барања е во фокусот на нашето работење.

Континуираното учење и следење на новитетите кои се случуваат во динамичниот HR свет ни овозможува постојано да правиме надградби на решението се со цел негово унапредување по светските трендови. Нашите клиенти знаат дека нашиот искусен тим има голем фонд на акумулирано знаење и искуство со чија помош изнаоѓаат најпрактични решенија за справување со предизвиците со кои се соочуваат во нивното секојдневно работење.

Исто така, важно е да се напомене дека софтверот работи без ограничувања на бројот на корисници што е многу практично решение за големите компании.

Во последно време со усвојување на ЕУ регулативите за безбедност на податоците се повеќе се јавува потребата од воведување на заштитни механизми на софтверите кои располагаат со личните податоци на вработените. Нашиот софтвер овозможува повеќестепена заштита преку доделување на улоги на корисниците и следење на усогласеноста со прописите.

Сето ова не може да се реализира без да имате посветен тим. Која е тајната формула за нивната мотивација?

Во Семос работат докажани и искусни професионалци на кои сме им неизмерно благодарни за нивниот несебичен придонес кој го даваат во работењето. Ниските стапки на turnover и високите стапки на retention на вработените се добар сигнал дека ние ги цениме и почитуваме нашите вработени.

Грижејќи се за нивната благосостојба осмисливме Well-Being програма со која веруваме дека позитивно влијаеме на нивниот професионален раст и развој, а истовремено го цениме и нивното приватно време и активности. Не одржуваме состаноци кои што можеа да бидат e-mail со цел вработените продуктивно да го користат времето додека се на работа. Воведовме 38 часовна работна недела, со вклучена пауза од 1 час вкалкулирана во работното време. Трендот на дополнително приватно здравствено осигурување за вработените е применет и во нашата компанија, со едно големо дополнување – децата на вработените се осигурани преку нашата компанија без дополнителен трошок за вработените. Психичкото и физичкото здравје на нашите вработени го ставаме на важно место и им обезбедивме користење на апликација за посета на теретани и други спортски активности. Тим билдинзите се настани кои барем еднаш месечно ги практикуваме за дружење и релаксација. Слободниот ден за роденден го воведовме како подарок од компанијата за вработениот да го прослави својот роденден во текот на месецот во кој што е роден во ден кој што на него му одговара.

Следењето и применувањето на најновите технологии при изработката на нашите софтверски решенија е невозможно без континуирано следење на дополнителна едукација и обука на нашите вработени. Несебично ги поддржуваме вработените во нивниот пат кон професионална надоградба, преку нашата програма за обуки на вработените.

Во насока на понатамошна персонализација на искуствата кои што сакаме нашите вработени да ги имаат планираме да воведеме нови бенефиции кои што ќе бидат во согласност со нивните желби и потреби.

Кои се Вашите погледи на иднината на HR професијата?

Според нашето досегашно искуство во доменот на HR политките можеме да предвидиме дека во следните неколку години ќе следат големи промени во начинот на функционирање на HR процесите. Компаниите се повеќе ќе пристапуваат кон дигитализација на процесите и ќе бидат во потрага по ефикасни, ефективни и целосни HR решенија. Моја препорака е при изборот на HR софтвер да внимаваат на неколку аспекти како што се: да е user-friendly и лесен за користење; да нуди усогласеност со прописите и сигурност на податоците; сите HR процеси да се на едно место; реномето на компанијата која што го нуди на пазарот; можност за дополнителни надградби и приспособување на потребите на компанијата; миграција на податоците; поддршка и обука за користење на софтверот; како и да изобилува со најразлични типови на извештаи и аналитики како би можеле да носите основани одлуки.

Нешто што е особено важно да се напомене е дека постои тенденција на појава на нови работни позиции во одделите за човечки ресурси, како што се дата аналитичари во HR, employee experience експерти, Diversity, Equity and Inclusion (DE&I) специјалисти, менаџери за е-регрутација, дигитални HR консултанти итн. за кои што постоењето на соодветно софтверско решение е неизбежно.

Доколку компаниите сакаат да продолжат со функционирањето на своите бизниси неопходно ќе биде што побргу да го започнат процесот на дигитална трансформација, почнувајќи од набавка на квалитетен HR софтвер, како што е Motiv8.

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...