Меѓународен ден на благодарност на вработените за прв пат се појавил во 1995 година, овој ден започнал како одговор на Денот на шефот, каде што вработените ја славеле важноста на менаџерот.Покажувале важност дека треба да се почитува и да се цени сето она што нивните шефови го направиле за нив. Денот на шефот започнал 1958 година, потребни биле речиси 40 години за официјално да се даде важност и на вработените.
Идејата започнала со една цел дека на двете страни треба да се даде признание за она што го работат.Многу често се заборава дека вработените се едни од најважните фактори што една компанија може да ги поседува.Така настанал Меѓународен ден на благодарност на вработените.
Во средината на 1990-тите, имало дискусија од основачкиот член на одборот на Recognition Professionals International, Боб Нелсон, кој работел со неговата издавачка компанија (Workman Publishing) за да го создаде денот.
Боб Нелсон не сакал работодавците да ги потценуваат сите работи што нивните вработени ги прават за нив.
Не е важно дали вработените се дел од производствен објект, магацин, се јавуваат на телефон цел ден или се справуваат со наплата и поплаки од клиенти, бизнисот не може да работи без нив.
Одбележувањето на Меѓународниот ден на благодарност на вработените е едноставно, и тоа е точно во назиот на денот! Едноставно дозволете им на вработените да знаат дека се ценети.
Само една мала дружба со вработените може да направи да се чувствуваат ценети , размислете да го однесете вашиот тим на пијачки после работа. Можеби малку време поминато заедно ќе направи да се чувствуваат ценети, неколку пијалоци или ручек платени од компанијата нема да му наштетат на моралот!
Среќен Меѓународен ден на благодарноста на вработените!
Доколку преземете содржина (статија или оглас) од 24HR задолжително наведете „Извор: 24HR“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено тука.