Придобивките од редовните одмори

од 24HR

Менаџерите треба редовните платени одмори да ги направат од позитивен аспект на работата и никогаш да не ги оптоваруваат вработените со напорни задачи за да ги компензираат нивните сопствени отсуства.

Знаете колку одморот е важен. Неколку дена или недели од работа може да ви помогнат да стекнете перспектива за вашиот живот, да ја расчистите главата, да го поддржите вашето ментално здравје и на крајот да бидете попродуктивни на работа.

Многу важно за компаниите е да ја негуваат таква култура каде вработените ќе ја имаат слободата да побараат слободни денови.Бидејќи одморот е поврзан со нашата благосотојба и ментално здравје ,кои придонесуваат до продуктивноста на работото место.

Кои се придобивките од платениот одмор

  • Платен одмор им дава на вработените време без грижа да се фокусираат на личните потреби.
  • Ќе ви помогне да ги одвоите работните мисли така што ќе го расчистите умот и ќе се фокусирате на релаксација.
  • Времето за одмор нуди шанса за опоравување и враќање од физичка и ментална исцрпеност.
  • Одвојувањето на слободното време овозможува негување на односите со пријателите и членовите на семејството.
  • Рамнотежата помеѓу работата и животот и намалувањето на стресот се непосредни придобивки од времето на одмор.
  • Подобрениот сон и продуктивноста .

Одвоите време за одмор и релаксација!

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...