Продуктивност е многу важна работа во работнатата средина ,начините на кој вработените придонесуваат на работното место се важни за работодавачот односно за целата организација. Продуктивност е фактор кој придонесува бројни придобивки и за работодавецот и за вработениот, затоа е важно да се најдат начини за создавање продуктивна работна средина.
Начини како да се создаде продуктивна работна средина
1.Разговарајте/дискутирајте за проблемите во работната средина
Не можете да решите проблем за кој не знаете дека постои. Поттикнувањето на вработените да разговараат за проблемите може да ги открие сите потенцијални прашања. Откако ќе откриете за што станува збор, ќе имате можност да ги продлабочите овие прашања за да ја дознаете нивната основна причина. Ова ви овозможува да смислите план кој го корегира основниот проблем, подобрувајќи ја продуктивноста..
Еден начин да се промовира оваа дискусија е менаџерите да прашаат за проблемите со продуктивноста на нивните редовни состаноци. Отворените дискусии може да им помогне на вработените да се чувствуваат поудобно да обрнат внимание на овие прашања секогаш кога ќе се појават, овозможувајќи да се решат грижите пред тие да станат поголеми или попроблематични.
2.Понудете алатки за тимска соработка
Кога вработените се способни да работат заедно кохезивно, тоа може да го подобри нивниот резултат како целина. Напорот на секој човек се комбинира за да се создаде попродуктивен исход. Понудата на алатки на вашите вработени што ја подобруваат тимската соработка може да помогне во овој процес.
Една од опциите за алатки се тимските софтверски програми. Тие им овозможуваат на работниците да се соберат на заедничка задача или проект, чувајќи ги своите белешки и напредувања во една централна база на податоци. Исто така team building е добра опција за да заедно да ги зајакнат тимските вештини кој подоцна ќе прераснат во заедничи вештини во некоја работна задача.
Прочитајте повеќе за:Активностите на team building ја зголемуваат продуктивноста на вработените
3. Обезбедете пристап и можности за обука
Обуката помага подобро да се подготват вработените преку зголемување на образованието и/или унапредување на нивните вештини. Исто така, помага да се обезбеди повисоко ниво на самодоверба ,во една анализа 98% од вработените изјавиле дека работат подобро на работата кога се чувствуваат посигурни во тоа што го работат и знаат.
Обуката доаѓа во многу облици и форми. Некои обуки се специфични за одредена работна улога, додека другите видови на обука се дизајнирани да ги зајакнат „вештините за моќ“ кои помагаат да се подобрат перформансите на работното место.
4. Оптимизирајте ги состаноците на работното место
Дали некогаш сте присуствувале на состанок на работното место, само за да излезете и да кажете осносно да размислите дека тоа понекогаш е и губење на вашето време? Избегнувајте да им го правите тоа на вашите вработени така што вашите состаноци ќе бидат оптимизирани и продуктивни.
5. Препознајте ги подобрувањата и достигнувањата поврзани со продуктивноста
Конечно, ако вашиот вработен се обидува да ја подобри својата продуктивност, препознајте ги неговите напори. Дајте му до знаење дека гледате колку напорно работи и кажете му дека го цените сето она што го прави .
Доколку преземете содржина (статија или оглас) од 24HR задолжително наведете „Извор: 24HR“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено тука.