понеделник, јануари 12, 2026
Почетна ТрендовиВработените во Canva ќе треба да се појават во канцеларија само осум пати годишно

Вработените во Canva ќе треба да се појават во канцеларија само осум пати годишно

by 24HR

Ова ќе важи без оглед на моделот на работа што компанијата ќе го избере!

Canva успеа да го редефинира зборот „флексибилен“ во својот најнов модел на работа. Платформата за графички дизајн, како што објави Business Insider Australia, активно работи на нов модел на работа каде што работниот распоред го одредува независен тим.

Неговата примена на вработените ќе им даде поголема контрола врз бројот на денови што тие ќе ги поминуваат во канцеларија.

Со ова, Canva се сели во зона со помалку „строги барања“ кога станува збор за физичката и далечинската работа. Отсега, фокусот на компанијата е во поголема „флексибилност и поврзаност„ за и со вработените.

„Убедени сме дека традиционалните работни места се исклучок кога станува збор за иднината на работата“, велат од Canva.

Од компанијата велат дека пандемијата „ја поби идејата дека соработката е најдобра на само еден начин или на едно место“.

За да ја компензираат слободата на работа, вработените ќе треба да застанат во „најблискиот Canvа хаб“ најмалку осум пати годишно.

Canva исто така ќе им понуди на вработените и дополнителни продобивки, како што е „среда без состаноци“ и слично.

Related Posts

Leave a Comment