Како стигнавме до 40 инспиративни приказни за љубовта кон човечките ресурси [1 дел]

од 24HR

Неодамна го објавивме 40-тото интервју во рубриката посветена на љубовта кон човечките ресурси со најуспешните и најдокажаните HR професионалци во Македонија. Овој понеделник ви откриваме како настана рубриката „Љубов кон HR“ и како изгледаше нашето заедничко патување до денес. 

Рубриката Љубов кон HR настана со самото лансирање на првиот и единствен портал за човечки ресурси во Македонија (www.24hr.mk). Во тоа време, не ни претпоставувавме дека за нешто помалку од една година рубриката ќе брои повеќе од 40 интервјуа со звучни имиња од македонската HR заедница. Денес, понеделнички како што е и редот, ќе се навратиме малку наназад и ќе откриеме со кого сѐ разговараше тимот на 24HR.

Почетоци

Првото интервју го направивме со Билјана Чкламовска од компанијата Новоматик која е во ек на пандемија ни раскажа како нејзината компанија се справува со „новото нормално“. Потоа, имавме чест да разговараме со Александра Аргир која ни кажа повеќе за нејзините кариерни почетоци и љубовта кон човечките ресурси, а на почетокот на месец јули целото свое искуство во областа на човечките ресурси ни го сподели Искра Конеска во едно прекрасно интерјву кое навистина одекна во HR заедницата.

Следно ја раскажавме HR приказната на Маја Штерјовски која ни откри дека секој ден одново се вљубува во својата професија, а потоа и приказната на Лидија Буревска која ни покажа на што се должи успехот на една компанија како Бимилк. Месец јули го затворивме со Соња Алексиќ од Тинекс која со нашите читатели ги сподели најдобрите моменти од своето 15-годишно искуство во HR индустријата.

Прво па машко во нашиот случај беше Дарко Кермичиев од Технички гасови а.д. – Скопје кој во едно интересно интервју ни раскажа за своите почетоци и искуства, а една недела подоцна го направивме и нашето прво интернационално интервју со Мине Алптекин од Истанбул која подоцна стана и наш дописник од Турција.

Следуваа многу интересни приказни, првата беше на Марта Кипровска од Еуротабак, а потоа и на Кристина Спироска од Халкбанк АД Скопје, Сашка Тодоровска од Аџибадем Систина и Нада Мисоска од Костал Македонија. Секоја од нив имаше една заедничка работа, а таа е ентузијазмот со кој зборуваа за својата професија.

Патување во Доха

Патот по инспиративна HR приказна во септември не одведе далеку на истокот, во прекрасниот град Доха каде имавме можност да разговараме со Ивана Смаќоска која во тоа време работеше во секторот за човечки ресурси на Катар Ервејс, а потоа направивме и две големи интервјуа во Македонија. Едното беше со Ана Костовска од Нептун Македонија која подоцна беше прогласена за HR Менаџер на годината, а другото со Стефан Јовановски од А1 Македонија кој е име и презиме во локалната HR заедница.

Првиот понеделник од октомври го започнавме со Сања Петрушевска од MY:TIME која не увери дека и во Македонија има компании кои вистински се грижат за своите вработени, а следна на нашата агенда беше Ана Салтирова Давидовски со кого разговаравме на повеќе заеднички теми, меѓу кои и нејзиниот проект – книгата „Благодарам“.

Следува втор дел, останете со 24HR до следниот понеделник 😊

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...