Хибридниот модел ќе биде модел на иднината, со само три од десет работодавачи кои очекуваат да ја вратат својата работна сила целосно во канцеларија и тоа за две години, покажа студијата на Вилис Тауерс Вотсон.
Додека огромното мнозинство (85%) од бизнисите предвидуваат враќање на работното место за повеќето вработени кои го сакаат тоа до крајот на 2021 година, работодавачите не очекуваат целосно враќање на работните практики кои се применуваа пред пандемијата. Работодавачите сметаат дека за 2 години една четвртина од работната сила (23%) ќе работи од далечина со полно работно време, а речиси половина (41%) ќе се префрли на хибридно работење.
Луси МекГрет како претставник од компанијата Вилис Тауерс Вотсон, изјави дека иако останува неизвесно како точно ќе изгледа патувањето кон„ новата нормалност “, едно е сигурно: хибридната работа е тука за да остане. Сите ние издржавме огромни промени во последните две години. Работодавачите треба внимателно да размислат како да го поддржат менталното здравје на своите вработени додека се прилагодуваме на новиот работен свет.
Работодавците ги мотивираат вработените да се вакцинираат
Еден од пет работодавачи веќе ги охрабри вработените да се вакцинираат преку комуникациски кампањи, а други 18% го разгледуваат овој пристап.
Сепак, повеќето работодавци не отидоа толку далеку да ги поттикнат луѓето да се вакцинираат. Еден од седуммина ги наградил вработените со одмор или бонус како благодарност за вакцинирањето, но се чини дека тие ќе останат малцинство. Мнозинството работодавачи (60%) не планираат да користат вакви стимулации.
Ниту една од анкетираните организации во моментов не бара од своите вработени да се вакцинираат за да се вратат на работното место. Две од три компании немаат намера да го сторат тоа. Само 12% размислуваат да бараат вработените да се вакцинираат пред да можат да се вратат на работното место.
Неизвесноста останува
Бизнисите не се сигурни кога ќе ги откажат протоколите за социјално дистанцирање и зголемена безбедност при работа. Разбирливо, дури 60 проценти од работодавачите се уште ги немаат дефинирано своите планови во овој правец.
Според МекГрет, несигурноста во ова невидено време е многу нормална. Меѓутоа, иако неизвесноста е неизбежна бидејќи бизнисите преземаат пробни чекори назад кон работното место, таа исто така може да делува вознемирувачки за вработените. На луѓето кои работеле од дома во последните две години може да им биде напорно да поминуваат повеќе време на своите работни места. Од друга страна, новиот хибриден свет може да им даде шанса на вработените да го имаат најдоброто од двата света. Тие можат да се справат со проекти кои бараат длабок фокус дома и да доаѓаат на работното место за да соработуваат и создаваат, постигнувајќи подобра рамнотежа помеѓу работата и животот во тој процес. Како и секогаш, клучот за успехот ќе биде во деталите.
Како и да е, ова ќе биде еден интересен процес за работодавачите и вработените каде што двете страни треба да придонесат кон изнаоѓање на заедничко трајно решение за иднината.
Доколку преземете содржина (статија или оглас) од 24HR задолжително наведете „Извор: 24HR“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено тука.