Комуникација, нејзината моќ и нашиот внатрешен критичар

од 24HR

Колумна на Славица Новеска – Сертифициран, професионален обучувач за возрасни, сертифициран фасилитатор и Points of You®, Practitioner, L.2. 24 CCEUs од ICF.

Комуникацијата има голем дијапазон на теми и сфери за дискусија. Но денес одбрав накратко да опишам низ анализа на трансакции низ три его состојби: Его состојба на Родител -критички, негувачки, Его состојба на Возрасен , Его состојба на Дете- адаптирано, слободно и бунтовно (моето омилено дете во мене ) Основач на Трансакциска Анализа (ТА) е психијатарот-Ерик Берн. Иако не можеме директно да ги набљудуваме овие три его состојби , можеме да ги набљудуваме преку однесување на една индивидуа и можеме да заклучиме која од трите его состојби доминира кај индивидуата при трансакција во одреден момент. Секој од нас ги применува сите три его состојби, зависно од ситуацијата во која ќе се најдеме , но една од нив секогаш доминира. Анализа на комуникацијата низ ТА е многу важна , особено во деловната комуникација, бидејќи без да се троши многу време и енергија , може лесно да се осознае до каде може да биде лимитот на вашето напредување во една средина , независно од вашите квалитети, компетенции, вештини и знаење . Според однесувањето на соговорникот низ трансакциска анализа може да се разберат корпоративните намери кон вас, односно дали еден деловен договор ќе има иднина или ќе заврши само на ветувања, дали сте во нивниот план за понатамошна соработка или ќе бидете само нивна скала по која треба да се искачат. Ваквата анализа на трансакции штеди време и енергија , да не го губиме своето драгоцено време во „надеж за подобро утро“ , и можност брзо да реагираме и да се насочиме во истражување на подобри решенија за нас. 

Его состојби -сет на мисли, чувства и доживување кои се директно поврзани со соодветен образец на однесување.

Его состојба на КРИТИЧКИОТ РОДИТЕЛ- најголемиот наш внатрешен непријател , поради кој ослабуваме однатре и остануваме немоќни и парализирани да реагираме во одредена ситуација. Без оглед како го нарекувате , се работи за глас, слика во умот што вели дека личноста е лоша, глупава, тупава, грда, луда, болна, проколната, неспособна- кратко речено дека личноста не е ОК. Ова е систем на мисли , чувства , однесување, кој е преземен од нашите родители или други авторитети (кои сме ги одбрале да ни бидат авторитети) кои имале влијание на нас во нашето детство. Секако овде не мислам само на говорот, зборовите по кој се препознава КР , додека зборуваме низ нашиот говор ние ја манифестираме својата личност и низ невербалниот говор на нашето тело. Нашиот став, фацијална експресија , движење на рацете …. бидејќи , најчесто на несвесно ниво , вербалниот е поддржан со невербалниот говор. Да резимирам КР се карактеризира со однесување , што е штетно, критикува и пренесува незадоволство. Однесувањето е авторитарно, строго и обично цитира правила , закони и има голема доверба /наклоност кон успешните луѓе.

Денес ќе опишам, како би изгледала корпоративна трансакција/комуникација помеѓу претпоставен и вработен од его состојба на Родител- Родител , односно кога и двајцата имаат подоминантна его состојба на родител.

Родителската Его состојба , во корпоративната сфера се карактеризира со опомени, награди и работа по правила, пофалби и казни. Ако и менаџерот и вработениот ги имаат горе наведените карактеристики на его состојба на родител, ќе имаме стимули и одговори кои ќе доминираат од двете страни на иста фрекфенција. Додека менаџерот би ја поставил својата идеја , вработениот ја отфрла и поставува нова идеја за која ќе инсистира да биде прифатена. И тоа е еден зачаран круг на непродуктивна комуникација, која ќе влијае во реализацијата на постигнување ефикасна организациска цел.  

Родител > стимул > родител

родител < одговор < родител

Како да постапи менаџерот во ситуација кога ќе препознае доминантна Его состојба на родител кај своите вработени ? Треба да заземе став од негувачки родител за трансакцијата да биде плодна а комуникацијата продуктивна……….

Имаме ситуации Родител- Дете, Родител -Возрасен….. 

Продолжуваме…

За авторот:

Славица Новеска е дипломиран економист во областа на Маркетинг Менаџмент. Сертифициран, Професионален обучувач на возрасни; Сертифициран фасилитатор, Points of You®, Practitioner, L.2. 24 CCEUs од ICF. Концепти на работа ; Трансакциона Анализа, PCM (ProcessCommunicationModel); Теми на работа; организациска култура и како таа влијае на мотивацијата на вработените ; разрешување и препознавање на конфликт; најважните начини на комуникација ; Сертификат за комуникациски вештини , преговарање и работа во тим/Функционално и целно ориентирана комуникација и презентација/Конструктивен пристап кон конфликт и функционално договарање /Функционално договарање и остварување на својата улога во тимот- поддржано од Модус Центар , програма поддржана од Министерство за образование и наука на РСМ како центар за неформално образование; Life coaching/100 часа со повеќегодишно искуство; Трансакциска Анализа.

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...