Градењето на одлични релации и енергијата која ја добивам од истите ме инспирираат да бидам креативна и да имам одлични соговорници (колеги) кои во целост ги поддржуваат иновативните практики на нашиот оддел за човечки ресурси, затоа и сме успешни – вели Маја Анчевска, Специјалист за човечки ресурси на А1 Македонија.
По природа сум многу љубопитна и секојдневно се трудам да бидам подобра верзија од себе и на приватен и на професионален план. Се радувам многу на малите нешта кои секојдневно ме опкружуваат а долгите прошетки со мојот миленик ме регенерираат за утрата да ги пречекам со насмевка и позитивна енергија. Мојата компанија, А1 Македонија е домот во кој растам и се развивам веќе долго време заедно со моите колеги – пријатели со кои љубопитно ги следиме, креираме и имплементираме најтрендовските HR практики.
Во нашиот тим идеите се развиваат преку ноќ, идеална средина во која можеш да го достигнеш вистинскиот потенцијал, тим богат со хумор и секогаш расположен за вкусен доручек или ручек (верувам дека мојот колега Стефан Јовановски, слатко се смее додека го чита ова) 🙂
Улогата на регрутер од една поинаква перспектива
Да се биде регрутер во една голема компанија како А1 Македонија носи навистина големи предизвици. Да се биде истовремено брз, флексибилен, достапен и успешен во привлекување и вработување на таленти е моето секојдневие, па оттука секогаш се развиваат нови иновативни концепти преку кои ги предизвикуваме старите и традиционални начини на работење а се повеќе и повеќе се доближуваме кон светските трендови на talent & acquisition светот во кој постои најголемото правило – врвно корисничко искуство (premium candidate experience). Post & Pray и Top-Down концептите во процесот на регрутација и вработување одамна ги оставивме зад себе, а А1 Македонија е дефинитивно компанија која се повеќе и повеќе се фокусира кон имплементирање на колаборативни практики и алатки. Покрај дигитализација на целиот процес на регрутација кој беше еден од низата на успешни проекти кон овозможување на врвно корисничко искуство, минатата година се искачивме на уште повисоко скалило, поточно го создадовме и имплементиравме концептот на Collaborative Hiring или Team-based recruitment, преку кој ги урнавме традиционалните граници во процесот на регрутација и вработување и станавме компанија која овој процес го негува на база на тимски труд и тимска одлука. Поттикнати од нашите компаниски вредности (Тим, Доверба, Агилност), чекориме со исто темпо како и светските водечки компании од телко индустријата (Apple, Google, Netflix) во кои исто оваа практика се негува и претставува одличен колаборативен модел на заедничка одлука за добредојде на нашиот иден колега.
Концепт на моделот Collaborative Hiring
Овој иновативен модел отворено ги повикува и вклучува сите вработени во рамките на компанијата да бидат подеднакво инволвирани и да претставуваат клучен сегмент во процесот на регрутација и вработување и демонстрира една директна поврзаност помеѓу подобрување на ангажираноста на вработените и внесување на иновации во рамките на регрутациите. Спојувајќи го тимскиот дух на А1 Македонија како еден од водечките принципи во компанијата заедно со визијата и експертизата на регрутерите, успеавме да создадеме нова култура во процесот на регрутација, култура на соработка, транспарентност и тимска одлука наспроти традиционалниот “top-down” процес на регрутација или пак Manager-hiring модел. Имплементацијата и успешноста на овој модел ја донесе нашата компанија чекор поблиску до светските трендови во процесот на регрутација и претставува значаен дел од сетот на вештини и алатки кои регрутерскиот тим на А1 Македонија ги поседува.
“Во духот на нашите водечки приципи Тим и Доверба, создадовме нов модел во процесот на вработување кој сите подеднакво не прави амбасадори на А1 Македонија и ни дава отворена можност да ја претставиме нашата компанија на вистински начин пред кандидатите. Овој процес на регрутација е тимски спорт и горди сме што имаме можност сите заедно да одлучиме кој ќе биде нашиот следен колега. Кандидатите имаат можност отворено да разговараат со колеги од различни тимови или пак колеги кои се/биле на постоечката позиција за која кандидатот е дел од процесот на регрутација. Ова искуство го опишуваат како несекојдневно, во комплетен фокус на потребите на кандидатите да се чувствуваат пријатно, да инспирира обострана флуидност во комуникација, кандидатите да добијат одговори на сите прашања а нашите колеги со задоволство ги претставуваат предизвиците на самата работна позиција и културата на компанијата која секојдневно ја живееме. Ние, регрутерите на А1 Македонија го опишуваме овој процес како “The Iceberg Illusion”, при кој учеството на колегите и нивниот придонес во процесот на регрутација ни отвара нови видици во кои поддржуваме различност, уриваме предрасуди и не прави уште посилни со знаење од професионална преспектива” – вели Маја, опишувајќи го фидбекот на колегите кои се дел од овој проект.
ROI – Бенефити кои ни ги нуди овој модел
Повеќе од 80 колеги – регрутери се дел од овој процес, целосно посветени во пронаоѓање на таленти, обезбедување на врвно корисничко искуство и зајакнување на нашиот бренд на пазарот. Бројот на внатрешни препораки по имплементација на овој модел во текот на 2019-та година се зголеми за 30% а исто така забележавме и олеснување во процесот на воведување на ново работно место (избраниот кандидат веќе се има запознаено со дел од колегите при процесот на регрутација и чувството на добредојде е уште потопло). Менаџерите кои имаат “ownership” во процесот на регрутација во целост го прифатија овој модел, за кој велат дека непроценлива е тимската одлука донесена од страна на сите инволвирани во процесот кој кандидат ќе биде дел од компанијата како иден колега.
Во 2019-та година беа обавени 1100 интервјуа при кои добивме позитивен фидбек од 700 кандидати во пишана форма (повеќе од 60%), опишувајќи го нашиот процес на ниво на светските трендови во процесот на регрутација и вработување. Нашето врвно корисничко искуство беше препознатливо, и нашиот труд беше награден со добивање на признание од страна на Vrabotuvanje.com за најпосетуван огласувач, признание кое уште повеќе не инспирираше да инвестираме во развојот на интерните процеси.
Се гордееме многу и со резултатите постигнати во 2020-та година, бројот на прегледите на нашите огласи е поголем за 39% споредено со истиот период минатата година, а просечниот број на апликации се зголеми за повеќе од 50%. Нашиот LinkedIn канал го следат скоро 100% повеќе корисници споредено со истиот период минатата година. Оваа година со нашите HR активности успеавме да се наметнеме на пазарот на трудот како еден од најпосакуваните работодавачи, а нашите иницијативи и практики се пример и инспирација за многу компании, па оттука сме истовремено многу возбудени што 4 HR практики на А1 Македонија се номинирани како најдобри практики, од кои 2 се поврзани со новитетите во процесот на регрутација и вработување а Collaborative Hiring е една од нив 🙂
Фидбек од кандидати поврзани со моделот “Collaborative hiring”
“I have been to а many interviews lately, but this one was the most “feel good afterwards” interview. The atmosphere was very pleasant, the interviewers were kind and pleasant, the conversation was smooth, relaxed, yet very productive. Whatever the decision of the team will be, it was a great positive experience for me! Kind regards, Simona”.
“The interview process was really good and well-structured and organized. The recruiting team was great and positive and even though I had a bit of cold feet at the beginning, their attitude helped me to overcome it so I was able to answer freely all of the questions and we did some interesting discussion. If I had to give the interview a grade out of 5 I would right away rate it as 5/5, because in my opinion, it deserved it. Regards, Zoran”.
“The interview is rated five stars on all grounds. The people who did the intercourse tried to feel relaxed and the conversation flowed with easiness. I would like to work with such a team of colleagues. All the best, Armin”.
Што би им порачале на сите кои размислуваат да го воведат овој модел?
Изградете култура на транспарентност во процесот на регрутација и вработување. Оваа практика нам ни внесе свежина од многу аспекти!
“I’ll never go the Lone Ranger route again, I am proud of my colleagues-recruiters” :).
Маја Анчевска за порталот 24HR:
Ги исполнивте моите 5* критериуми за да ве читам и следам 🙂
- Широк спектар на атрактивни теми
- Флексибилност во однос на бирање на тема
- Достапност и cool однос од страна на основачите
- Супер креативи
- Одлична можност за networking
До следна дружба!
Маја
Доколку преземете содржина (статија или оглас) од 24HR задолжително наведете „Извор: 24HR“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено тука.