Компанијата Greystone им овозможи на вработените самостојно да го одредат работното време

од 24HR

Со оглед на тоа што некои компании испробуваат четиридневна работна недела, регрутерската компанија Greystone отиде чекор подалеку давајќи им целосна слобода на вработените самостојно да го одредат своето работно време.

Регрутерската компанија Greystone имплементираше целосно флексибилен модел на работа, менувајќи го начинот на кој голем број агенции за регрутирање работат преку создавање на подобар и поприфатлив начин на работа за вработените.

Не само што компанијата не работи со вообичаено работно време од 9 до 5, туку ова е и 100% remote компанија, што значи дека нејзините вработени не работат од една физичка канцеларија.

Greystone се откажа од своите прекрасни канцеларии на јужниот брег на САД уште во февруари 2020 година кога започна пандемијата на Ковид-19, а персоналот беше воодушевен од промените во нивните животи како резултат на опцијата да работат од дома.

„Ми беше јасно дека пандемијата на Ковид-19 ќе се задржи уште некое време. Како што секој од нас знае, 2020 стануваше сè полоша па затоа сметаме дека ја донесовме вистинската одлука кога решивме нашите тимови да работат од дома, пред да ни биде наложено да го сториме тоа“, вели директорот на компанијата, Сајмон Вилсон.

И 16 месеци подоцна, опцијата за работа од дома остана во Greystone.

„Во моментов воопшто не размислуваме да се вратиме во канцеларија бидејќи пандемијата нѝ покажа колку нашите вработени можат да бидат успешни кога нивната работа беспрекорно се интегрира во нивните животи“, вели другиот директор, Фил Хоџсон.

Според Вилсон, како резултат на флексибилниот модел на работа, продуктивноста на вработените пораснала, а компанијата ги има најдобрите шест месеци откако е основана во 2016 година.

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...