Шест од 10-те најдобри компании за жени во САД се од технолошкиот сектор, покажуваат најновите истражувања.
Истите тие истражувања покажаа дека IBM е технолошката компанија која е најпогодна за жени, пренесува Bloomberg.
Тоа е според Comparably, платформа на која работниците ги „преиспитуваат“ и оценуваат работодавците, а листата ја составувале жени во периодот меѓу ноември 2020 и ноември 2021 година.
Следна технолошка компанија со највисок ранг беше Adobe Inc. (трето место), а по неа е HubSpot, Inc. (четврто место), Medallia Inc. (петто место), Microsoft (деветто место) и Worldwide Inc (десетто место).
Бројни проблеми и тешкотии за време на пандемијата
Многу работници се соочија со бројни пречки за време на нивната работа додека траеше пандемијата, а повеќето од овие компликации ги мачеа жените.
Затворањето на училиштата и дополнителните обврски за грижа за децата им зададоа дополнителни потешкотии на вработените мајки. Сепак, жените од сите раси и етнички групи немаа еднакви можности.
На пример, афроамериканките и латиноамериканките најчесто работат во здравството, угостителството и образованието, а често и на работни места каде што е тешко или невозможно да се работи од далечина.
Поради сето ова работниците ширум државата се почесто ги напуштаат работните места во феноменот познат како „голема оставка“.
Бројот на слободни работни места во САД скокна на рекордно ниво во октомври
Многу технолошки индустрии преземаат „чекори“
Salesforce.com Inc. беше меѓу компаниите кои ги променија и проширија политиките за работа од дома, а група од 190 компании, вклучувајќи ги Spotify Technology SA и Pinterest Inc., лобираа за платено семејно отсуство и политика за боледување.
Доколку преземете содржина (статија или оглас) од 24HR задолжително наведете „Извор: 24HR“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено тука.