5 едноставни начини да го подобрите вашиот бренд на работодавач

од 24HR

Живееме во време кога брендот на работодавачот не го диктира само бројот на апликации кои ќе ги добиете на еден оглас, туку и квалитетот на истите.

Ако во минатото компаниите можеа повеќе или помалку да ја контролираат пораката што ја испраќаат до јавноста, денес вработените можат слободно да го споделат своето искуство, а сето тоа креира еден вид перцепција за компанијата како работодавач.

Токму затоа за голем број компании градењето на стратегија за промовирање на нивната организација како работодавач не претставува нешто што е добро да се има туку апсолутна потреба.

Самиот Employer Branding, неговата позиција и пораката што ќе се испрати создава основа за еден вид на конкурентска предност во процесот на регрутација. Технолошките промени и демографијата на работната сила им наметнаа на компаниите да бидат транспарентни во однос на своите цели; како е да се работи таму; каква вредност се создава; и која е целната група што компанијата сака да ја вработи.

Едноставно, Employer Branding е целата репутација за компанијата како место за работа, а неговата основа зависи од четири фактори:

  • Тековните искуства на вработените;
  • Начинот на кој компанијата се претставува како работодавач;
  • Перцепцијата на идните вработени и
  • Реакцијата на јавноста на искуствата на вработените.

Компанијата може да ги контролира само првите два фактора, додека на останатите два може само да влијае.

Поставувањето на вашиот бренд на работодавач во вистинскиот правец е едно долго патување. Потребно е време за да ги видите ефектите. Но, еве ги првите чекори кои треба да ги преземете:

Следете ги платформите каде вработените ги споделуваат своите искуства

Постојат најмалку десет веб страници кои ги охрабруваат вработените да зборуваат за тоа како е да се работи во вашата организација. Една од најпознатите и најкористените такви платформи е Glassdoor. Посетувајте ги овие страници најмалку еднаш неделно за да разберете што се зборува за вашата компанија како работодавач.

Разберете што е тоа што го кажуваат за вас

Нормално е да имате силна дефанзивна реакција на секоја јавна критика кон вашата компанија. Денешните вработени имаат јавни канали, како што се на пример социјалните мрежи, од каде што можат да влијаат на вашиот бренд на работодавач. Брзо согледувајте што се зборува за вас, што е вистина, а што не и преземете чекори за решавање на проблемите.

Запрашајте се: „Што е вистина? Која е нашата култура? Што може да се промени?“

Сајтовите за споделување искуства имаат тенденција да генерираат негативни искуства. Подобрувањето на брендот на работодавач започнува со јасно разбирање и перцепција на негативните работи кои се случуваат во вашата организација. Но, искуствата и оценките се секогаш точни од аспект на рецензентот. Ваша работа е да видите каде грешите и да донесувате одлуки за исправање на тие грешки.

Охрабрете ги вработените да пишуваат за нивниот професионален живот

Вработените се најефикасен канал за комуникација на вашиот бренд на работодавач. Луѓето обожаваат лични искуства, особено кога се работи за нешто што буди позитивни чувства. Затоа, помогнете им на вработените да разберат дека ги цените повратните информации и дека јавната транспарентност се прави во интерес на подобрување на перцепцијата за компанијата.

Почнете да ја комуницирате вашата приказна

За да дојдете до вистинската порака која сакате да ја испратите е потребно многу време, истражување и труд. Користете ја вашата веб страна, делот за кариера, вашите огласи за вработување и описот на работното место на начин кој ќе ја истакне вредноста на вашата компанија како работодавач. На овој начин, создавате комуникациска платформа која може да ја користите за да влијаете на начинот на кој луѓето ве гледаат.

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...