1. Родител од “скоро”
Откако дојде нивното малечко, таа/тој имаат полициски час што со нетрпение очекуваат да го прекршат. Ова е нивното единствено опуштање во последните неколку месеци, па тие ќе уживаат во оваа забава како да нема утре.
2. Наблљудувач
Додека хаосот е околу нив, тие го забележуваат секој непријатен момент за раскажување утре. Обидете се да останете подалеку од видното поле ако имате намера да уживате без ограничувања.
3. Напорен
Неколку пијачки и тие ќе бараат некого на кој ќе им ги кажат работните проблеми. Колку раководството не е добро.Уште малку и си одам!Не дозволувајте да бидете вие рамото за плачење ако сакате вашиот позитивен дух да ужива во забавата.
4. Танчер на годината
Овој човек само бара добро време и иако можеби нема најдобри потези, тој е среќен што е прв на подиумот и убеден е дека затоа е толку добра забавата.
5. Караоке човекот
Подгответе се овој колега да се сруши на караоке ,чувајте го микрофонот подалеку од него зошто забавата ќе отиде во погрешна насока.
Прочитајте повеќе за:Колку е важна новогодишната забава за вашата компанија!
6.Flash колега
Тие ќе останат на една пијачка ,бидејќи потоа имаат многу поважен ангажман да присуствуваат со нивните вистински партнери.
7.Озборувач
Имаат полна кутија со тајни што ги чуваат цела година,но после две пијачки сите тајни ќе бидат на маса.
8.”Миленикот”
Лепак за сите раководители и менаџери,наздравува,се смее ,тој е “прв” другар со раководството.Иако е озборуван како подлизурко на него тоа воопшто не му смета.
9.Младиот ново вработен
Тој е многу интересен бидејќи досега не е виден на овие забави,пробува да биде пристоен,мирен,да остави добро мислење кај останатите, а посакува да се забавува лудо,една пијачка и неговото вистинското светло ќе блесне.
Дали можеби препознавте некого од вашата компанија!
Доколку преземете содржина (статија или оглас) од 24HR задолжително наведете „Извор: 24HR“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено тука.